Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Летната сезона е многу стресна за жените кога станува збор за избор на костими за капење. Од нас се бара да направиме совршена комбинација, која истовремено и ќе ни ги истакнува позитивните страни на нашето тело и ќе биде по најновиот тренд. Но, што мисли тој за вашиот избор?

Мери Клер направила истражување во кое учествувале 100 случајно одбрани момци. Таа барала нивно мислење за најпопуларните костими за капење кај девојките. Погледнете ги резултатите кои ги добила и добро размислете кој модел ќе го изберете ова лето. 🙂

Бикини со врвки – Еден од најпопуларните модели на костими за капење на пазарот е дефинитивно оној кој е составен од најмалку материјал. Но, што навистина мислат мажите за него?

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

74% биле фанови на триаголниот дел како и на врвките, но останатите 26% сметале дека многу откривал и оставал само мал дел на нивната фантазија.

Стандарден дводелен костим за капење – Најомилениот помеѓу мажите бил токму овој модел. И покрај тоа што ќе имате малку повеќе материјал на вас, сепак би покажувале сосема доволно кожа за привлекување на погледите на момците околу вас.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

93% целосно го одобруваат, додека пак на само 7% не им се допаѓал бидејќи ги потсетувал на секојдневна долна облека.

Топ без прерамки – И мажите и жените имаат исто мислење кога станува збор за овој модел на костим за капење – тој многу наликува на облеката која ја носеле жените во стариот Рим за време на спортските настани и во бањите.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Можеби токму оваа историска значајност придонесува одобрување од 89% кај мажите, со кое останатите 11% не се согласуваат.

Монокини – Некои девојки кои сакаат да остават поголем впечаток на плажите, често се одлучуваат за овој модел – станува збор за едноделен костим за капење кој многу наликува на дводелниот.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Што се однесува до момците, тие немаат баш добро мислење за него. Само 22% велат дека изгледа добро, но најчестиот одговор на останатите 78% бил „Не го сфаќам“.

Горен дел со една прерамка – Овој необичен модел, кој може да биде дел и од едноделен и од дводелен костим за капење не е многу популарен кај мажите. На скоро 67% им се допаѓал, но останатите 33% велеле дека повеќе би им се допаднал горен дел со две прерамки или пак без ниедна.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Но, девојки не се обесхрабрувајте од нивниот одговор за овој модел. Причината поради која не им се допаѓал на момците не е дизајнот, туку необичните „линии“ кои вие би ги имале по сончањето.

Танкини – Овој модел за првпат се појавил во 90-те и се сметал за скромна верзија од дводелниот модел. Што се однесува до мажите, тие имаат многу различно мислење за него.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

На 53% им се допаѓал, а останатите 47% не биле многу воодушевени. Неколку од нив го споредиле овој концепт со нивното носење маица по кратки ракави на базен.

Едноделен костим за капење – Многу мал број од девојките се одлучуваат за овој модел, бидејќи прекрива голем дел од телото. Но, што велат мажите за него?

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Дури 65% од нив целосно го одобруваат, а на останатите 35% воопшто не им се допаѓал. На кратко, тие велеле дека им се допаѓа кога жената изгледа секси во костим за капење, но не им се допаѓа кога таа изгледа како да се натпреварува во пливање на Олимписките игри.

Ретро пинап – Овие модели иснпирирани од класичните, се вистински хит во последниве неколку години. Едноделните „бомбастични“ модели и дводелните со висок струк совршено го обликуваат телото на девојките и ги нагласуваат нивните облини.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Мажите велат дека кога одат на плажа не очекуваат да го видат овој изглед кај девојките, па поради тоа само 22% го одобруваат овој стил од 50-тите. Останатите 72% сакаат да видат повеќе кожа.

Бикини според најновата мода – Како и сите останатите нови трендови во модата, жените ги сметаат за попривлечни отколку мажите. Овие костими за капење често содржат украсни додатоци како метални прстени, светки, монистри и други необични елементи.

Што мислат момците за вашиот костим за капење?

Тие им се допаѓале на само 17% од мажите, додека пак останатите 83% сметаат дека тие не се наменети за пливање. Според нив овој модел не е погоден за на плажа, но е совршен за модните писти.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

  1. МБ Reply

    „Погледнете ги резултатите и добро размислете кој модел ќе го изберете ова лето.“ Со други зборови, одберете го оној костим кој му се допаѓа на 80% од машките. Можеби токму оној на кој ќе сакате да му го привлечете погледот и нема да спаѓа во оние 20%. Се’ е така црно и бело, нели? Барем според овие безбројни истражувања и испитувања. Девојки, не се лажете, одберете го оној костим кој мислите дека ви стои најдобро и во кој, пред се’, се чувствувате најдобро. Тоа е вистинската комбинација. А ако сте толку очајни за внимание – одете топлес!

Напиши одговор на МБ Откажи одговор