Што ќе се случи ако се бањате во црвено вино?

Како и сите други возрасни жени, сигурни сме дека и вам многу ви се допаѓа вкусот на црвеното вино. Ако се согласувате, тогаш ќе бидете пресреќни кога ќе ви кажеме дека постои една сосема нова примена на овој вкусен алкохолен пијалак, што не вклучува пиење на истиот. Па, ако покрај виното, обожавате и топли бањи, тогаш се наоѓате на вистинското место!

Што ќе се случи ако се бањате во црвено вино?

Постои едно неверојатно искуство што брзо почна да се шири ширум светот, а може да ги спои нашите омилени две нешта – топла бања и црвено вино. Но, и покрај тоа што звучи одлично, како тоа ќе влијае на вашето тело? Третманот трае околу 30 минути, а во продолжение прочитајте кои се придобивките што можете скоро инстантно да ги почувствувате.

Бањањето во црвено вино ќе направи вашата кожа да изгледа здраво и румено, додека пак алкохолот е одличен за чистење на организмот од токсини. Но, тоа не е сè. Откако ќе влезете во кадата со вино, миризбата на овој пијалак ќе ве освои и ќе ви го опушти умот како никогаш досега. Во овој момент вашето уживање се надополнува со сирење за дегустација и лесна масажа на главата.

По завршувањето на третманот вие ќе се чувствувате неверојатно и одморено. Вашата кожа во текот на следните неколку денови ќе биде нежна, сјајна и прекрасна. Што мислите? Ако имате можност да пробате ваква бања, би го сториле тоа?

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар