Што ќе се случи ако престанете да мастурбирате?

Многу луѓе прв пат ги откриваат нивните сексуални желби преку мастурбацијата. Но, што се случува кога ќе се откажете со неа? Многу луѓе го пробале ова и речиси сите кажуваат дека имало некакви придобивки, но кои се тие?

Здружението „NoFap“

(1)shto-kje-se-sluchi-ako-prestanete-da-mastrubirate-kafepauza.mk

На страницата Reddit постои здружение наречено NoFap. Луѓето кои се вклучени овде прават паузи од мастурбирањето и ги споделуваат своите искуства. Бидејќи мастурбацијата сè уште е табу тема, зборувањето за неа понекогаш е проблем. Но, бидејќи на оваа страница сите се анонимни, луѓето може слободно да го раскажат своето искуство и да го кажат своето мислење без страв дека некој ќе ги суди. Групата е создадена во 2011 година од Александар Родс кој сакал да го сподели своето искуство. Тој секојдневно мастурбирал, некогаш и по 10 пати дневно и почнувал да се чувствува зависен од тоа. Кога целосно се откажал од мастурбацијата тој станал пофокусиран, имал повеќе енергија и бил многу попродуктивен.

„Добив енергија која можев да ја насочам кон секој аспект од животот. Тешко ми е да ви опишам со зборови.“

Минатата година, писателот Ед Смит кажал дека имал слично искуство:

„Почнав да ги завршувам обврските, ја исчистив куќата, ги завршив сите лични проекти кои ми беа запоставени. Сфатив дека оваа пауза е многу подобра за мене отколку што мислев.“

Зошто луѓето компулсивно мастурбираат и која е улогата на порнографските филмови?

(2)shto-kje-se-sluchi-ako-prestanete-da-mastrubirate-kafepauza.mk

Кога Родс ја создал групата на Reddit, тој сфатил дека многу луѓе имаат проблем со зависност од филмови за возрасни. Пред 3 години, научници од Кембриџ направиле истражување во кое биле вклучени некои членови од групата. Тие откриле дека мозочната активност на луѓето кои се зависни од порнографски филмови е многу слична со онаа на зависниците од дрога. Иако неврологот Метју Џонсон изјавил дека не верува дека гледањето порнографски филмови може да го репрограмира мозокот, тој сепак сметал дека луѓето кои постојано ги гледаат филмовите се склони кон зависност. Со други зборови, некоја личност мастурбира почесто бидејќи е склона кон зависност.

Едно видео направено од The School of Life тврди дека сепак постојат некои невролошки фактори кои имаат улога во компулсивното гледање порнографски филмови.“

„Проблемот со овие филмови е сличен како оној со храната. Мозоците кои биле спремни да се задоволат со неколку овошки сега се беспомошни пред многуте вештачки засладувачи кои постојат денес.“

Какво влијание има мастурбацијата и гледањето порнографски филмови на вашиот личен живот?

(3)shto-kje-se-sluchi-ako-prestanete-da-mastrubirate-kafepauza.mk

Филмовите за возрасни и мастурбацијата предизвикуваат конфликт во некои врски, а некои луѓе сметаат дека овие активности спаѓаат во неверство. Поради ова зависниците од порнографија и луѓето кои многу мастурбираат често се „обележани“ од општеството. Навистина е тешко да се справите со желбата за гледање бидејќи не можете да најдете нешто што ќе ве возбуди со ист интензитет. На зависниците од порнографија понекогаш им е тешко да уживаат во вистинскиот секс бидејќи не им е забавен колку оној во филмовите. Луѓето кои го имаат овој проблем, многу често гледаат порнографски филмови и на работното место. Едно истражување покажало дека околу 2/3 од работодавците откриле порнографски содржини на компјутерите на своите вработени.

Писателот Смит добил многу кога се откажал од мастурбирањето, но признал дека овој избор може да ве направи сексуално фрустрирани.

„Работите кои ви го одвлекуваат вниманието, како работното место и некое хоби, може да ви помогнат, па ако постојано сте зафатени ќе бидете во ред. Но, кога не мастурбирате се зголемува вашата желба за секс. Па според мене, иако звучи како парадокс, најдобро е да направите пауза од мастурбирањето, но со сексуален партнер.

Зошто мастурбацијата сепак е важна?

(4)shto-kje-se-sluchi-ako-prestanete-da-mastrubirate-kafepauza.mk

Целта не е потполно да се откажете од мастурбирањето. Џим Фаус, професор по психологија му кажал на Ед Смит дека целосното откажување од мастурбацијата нема да нè убие, но ќе ни го скрати важното себеспознавање. Мастурбирањето е одлично за намалување на стресот, а покрај тоа го подобрува и сексуалниот живот. Исто така мастурбацијата ги храни нашите сексуални фантазии, а ова е одлично за креативноста. Паузата од мастурбирањето може да ја зголеми желбата за секс, а ова речиси сигурно ќе го подобри сексуалниот живот. Фаус изјавил:

„Ако се воздржувате од секс и мастурбација, вашиот сексуален нагон ќе се зголеми. Сметам дека овде станува збор за енергијата која е опишана во тантричкиот секс. Способноста да ја одржите ерекцијата и да ја одложите ејакулацијата го прави оргазмот многу поинтензивен. Па, зголемената желба е повеќе психолошка и е предизвикана од вашите верувања.“

Според списанието Women’s Health Magazine, понекогаш мастурбацијата може да ви пружи и поголемо задоволство, бидејќи кога станува збор за секс потребно е и двајцата партнери да бидат расположени.

„Нема потреба да се депилирате или да носите секси облека кога мастурбирате. Не треба да мислите на никој друг, само на вашите потреби.“

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар