Што им се случува на заљубените парови?

Откријте низ што сѐ поминуваат заљубените парови, а ако и вие сте биле во ваква состојба, можеби ќе се пронајдете.

Што им се случува на заљубените парови?

Љубовта ја менува активноста на мозокот

Љубовта е моќно чувство кое активира дури 12 делови од мозокот меѓу кои и делот задолжен за зависност. За 1/5 секунда луѓето веќе знаат дали се заљубени или не, а тоа е благодарение на мозокот кој го испушта хормонот на среќата и создава еуфорија.

Заљубените спијат 1 час помалку

Со заљубеноста се врзуваат еуфоријата и страста, но и одредена доза страв кој го нарушува добриот сон. Заљубените затоа во просек спијат до 1 час помалку од оние кои не се заљубени, а проблемите со спиењето можат да потраат до 6 месеци.

Љубовта ги јакне коските

Љубовта ги ублажува болките бидејќи ги активира истите центри во мозокот како и лековите против болки. Таа го јакне костурот на телото, па така оженетите мажи имаат поздрави коски и помал ризик од болести на коските. Стручњаците веруваат дека за тоа е задолжен мирниот начин на живот и поголемата грижа за телото.

На заљубените храната им е послатка

Заљубеноста влијае и на разликувањето вкусови, а за тоа е „виновно“ покаченото ниво на окситоцин, хормонот на љубовта.Колку е повисоко нивото на окситоцин, толку е помала можноста за разликување вкусови. На заљубените секоја храна, без разлика на нејзиниот вистински вкус, им делува послатка одошто навистина е.

Заљубените имаат проблем со помнењето

Љубовта и покаченото ниво на окситоцин негативно влијаат и на способноста за помнење. Имено, заљубените парови полесно забораваат, тешко се концентрираат и полесно им одлетуваат мислите, особено на почетокот на врската. Во нивниот фокус е само партнерот во кого се заљубени.

Срцето им чука во истиот ритам

Заљубеноста влијае и на хормоналната рамнотежа, го намалува крвниот притисок и отчукувањата на срцето. Љубовта го синхронизира срцевиот ритам на паровите, па срцето им чука со иста брзина. Исто така, ритамот на женското срце почесто се прилагодува на ритамот на машкото одошто обратно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. Ljupka Reply

    Koga si zaljuben nikogas nee dozvoluvaj da ja unistat srekata

Остави коментар