Што е забрането на интервју за работа?

Сте се потрудиле околу личната биографија и писмото за мотивација. Работодавецот е импресиониран од тоа и следниот чекор е да ве повика на интервју. Помислата од тоа да се сретнете лице в лице со работодавецот или некој од неговите подредени, неретко знае да предизвика нервоза, нетрпеливост и вознемиреност.Што е забрането на интервју за работа?Треба да знаете дека постојат неколку работи на кои апликантите треба да обрнат поголемо внимание за време на интервјуто за работа. Еве листа на грешки кои треба да гледате да не ги направите наредниот пат кога ќе отидете на интервју за работа:

Доцнење

Што е забрането на интервју за работа?Прво и најважно правило од кое нема ниеден исклучок! Доцнењето, во која било држава е знак на непочитување. Затоа, подобро е да дојдете неколку минути порано на договореното место и да се напиете кафе некаде во близина, отколку да задоцните. Се разбира, понекогаш се случуваат чудни работи токму на денот кога нешто важно ви се случува – метеж во сообраќајот, неодложна семејна работа и сл. Во таков случај, јавете му се на лицето кое ве контактирало за интервјуто и известете го за можното доцнење или во краен случај недоаѓање и воедно замолете го да ви го презакаже интервјуто за друг ден.

(Не)запознаеност со светот на бизнисот

Ако сте невработени не значи дека не треба да ги знаете основите во светот на бизнисот и тоа како тече еден работен ден. Потрошете малку време за да се запознаете со овие работи пред самото интервју. Работодавците скоро секогаш закажуваат интервју за работа за време на работниот ден, а не после него. Затоа, ако чекате да ве поканат на интервју или веќе ви се јавуваат, треба да имате неколку слободни часови од 9 до 17 часот.

(Не)професионален изглед

Што е забрането на интервју за работа?Треба да обрнете внимание на тоа како ќе бидете облечени кога одите на интервју. Облеката, говорот на телото и гестикулациите се клучни за да делувате професионално. Откако ќе се вработите, веќе можете да се подослободите и да се обидете да се вклопите со стилот според кодексот на облекување кој важи во работната околина.

(Не)заблагодарување за дадената шанса

Што е забрането на интервју за работа?Ако ви се посреќило и сте се покажале во најдобро светло, интервјуто може да резултира со потпишување договор за работа. Доколку насетувате дека ова ќе се случи, убаво е да се заблагодарите за укажаната шанса да бидете дел од работниот тим. Немојте долго да чекате за ова. Преку електронска пошта или рачно напишано писмо, изборот е ваш, но сторете го тоа. Ако се одлучите да пратите имејл до повеќе луѓе кои учествувале на интервјуто, тогаш никако не користете ја опцијата cc (carbon copy) за да пратите една порака до повеќемина. Пратете посебни пораки.

Ѕвонење на телефонот

Во сите професионални ситуации, вработените им се покоруваат на оние со поголема моќ. Тоа значи дека ако му заѕвони мобилниот телефон на шефот додека ве интервјуира, не значи дека и вам ви е дозволено да ви се случи истото. Не залажувајте се. Телефонот исклучете го (не на бип, ниту на вибрации) уште пред да влезете во канцеларијата. Плус, играјте на сигурно – не дозволувајте да ве фатат како скришно зборувате на мобилниот телефон ниту додека чекате во ходникот.

(Не)покажување почит кон вработените

Што е забрането на интервју за работа?Вработените од административниот персонал, од правната служба и секретарите се често срцето и душата на компанијата. Нивното мислење се цени од „врвот“, така што треба да внимавате како ќе се однесувате со нив. Исто така, тие често се хиперчувствителни поради тоа што се помалку платени од другите. Не ги омаловажувајте и не им ја отежнувајте работата. Можеби наскоро ќе ви станат колеги.

Кој кого тука интервјуира?

Што е забрането на интервју за работа?Некои мислат дека ако почнат да прашуваат многу прашања за време на интервјуто, така ќе ги импресионираат оние кои интервјуираат. Грешка! Кога сте повикани на интервју за работа, многу добро се знае кој е кандидатот, а кој го врши интервјуто. Неколку пристојни прашања со кои ќе се нагласи вашето познавање за компанијата е она на што треба да се посветите.

(Не)нормален однос

Работодавачите треба да определат дали можете да се вклопите во организационата култура што е воспоставена во компанијата. Пред да влезете во просторијата за интервјуирање, анализирајте го однесувањето на другите вработени кои поминуваат во холот, од јачината и темпото на зборување, до говорот на телото и потоа искористете го ова за време на разговорот.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот

Поврзани содржини

  1. Стоименов Reply

    Не ви соодветствува насловот на статијата со одредени наслови на параграфи. „Што е забрането на интервју за работа“ не оди со „Професиналност“; „Почит кон вработените“ ; „Заблагодарување“;
    Промена би била корисна тука :)

    • Кафе пауза Reply

      Благодариме за забелешката. Поздрав! :)

Остави коментар