Што е „црн пазар“ на козметички производи и зошто е опасен?

Што е „црн пазар“ на козметички производи и зошто е опасен?

Скапите козметички препарати кои ги промовираат познатите личности честопати не се финансиски прифатливи за поголемиот дел од жените ширум светот. За да заработат нешто повеќе и да го решат овој проблем, некои луѓе почнале да произведуваат копии на овие производи што потоа ги продаваат по драстично пониски цени. Но, може ли поимот „добра копија“ некогаш да престане да биде парадокс?

1-shto-e-crn-pazar-na-kozmetichki-proizvodi-i-zoshto-e-opasen-www.kafepauza.mk_

Сведоци сме на создавањето преголеми разлики помеѓу богатите и сиромашните, а желбата за следење на трендовите експоненцијално расте. Што е со оние „гладни“ купувачи чија платежна моќ не може да ги овозможи најновите колекции од модните писти или производите од козметичките продавници?

Како оваа епидемија го зафаќа светот на негата и убавината?

Последните неколку години козметичката индустрија доживеала експлозивен раст, а маркетиншките вложувања во промоцијата на овие производи се движат во астрономски цени. Козметичките брендови станале жртви на црниот пазар кој го преплавил светот со копии од декоративна козметика и производи за нега.

Амбалажите на M.A.C. кармините со погрешно втиснато лого станаа вообичаени како некогаш кога пазарот беше преполн со чанти Луис Витон со погрешно втиснат монограм. Многу славни личности кои се основачи, сопственици и бренд амбасадори на своите козметички компании, како што се на пример Кајли Џенер и Џефри Стар, јавно проговорија на оваа тема за да ги предупредат купувачите да не купуваат копии заради штетните состојки во нив.

3-shto-e-crn-pazar-na-kozmetichki-proizvodi-i-zoshto-e-opasen-www.kafepauza.mk_

Страниците за шопинг, како Ибеј, Ајофер, Амазон и Али експрес со едноставно онлајн купување доставуваат копии од кармини, палети сенки, пудри и останати декоративни производи, а цената е неспоредливо ниска отколку во продавница или на официјалната страна на некој бренд. Иако купувањето изгледа едноставно и евтино, се поставува прашањето која цена се става на сопственото здравје? Во копиите со детална анализа се пронајдени опасни состојки, како цијанид, жива и олово.

Покрај штетните состојки во своите производи, сомнителните произведувачи и дистрибутери работат во многу нехигиенски услови каде што се произведуваат копиите. Недостатокот на стерилни услови и канцерогени состојки може да предизвикаат сериозни долготрајни последици како исипување, очни инфекции, а големите количини на олово во копиите предизвикуваат и оштетување на срцето, бубрезите и нервниот систем.

4-shto-e-crn-pazar-na-kozmetichki-proizvodi-i-zoshto-e-opasen-www.kafepauza.mk_

Многу лесно можете да го препознаете поголемиот дел од копиите во однос на оригиналот и тоа веќе на прв поглед: Несоодветни амбалажи, лого втиснато со поразличен фонт или на други место, чуден мирис на производот, леплива смеса на течните кармини или огледало со лош квалитет на палетите со сенки. Помеѓу козметичките производи кои имаат најголем број копии се наоѓаат Kylie Cosmetics, M.A.C., Urban Decay, Kat Von D, Lime Crime, Tarte и Benefit. Произведувачите на копии не ги таргетираат луксузните брендови како Giorgio Armani Beauty или La Mer, туку оние брендови кои се најпопуларни помеѓу пошироките маси на социјалните мрежи.

Полицијата во многу земји започнала борба со козметичката сива економија, а во рацијата се елиминирани голем број складишта со шверцувана роба, запленети се многу производи на царините и отстранети штандови со копии. Трговијата со лажна козметика и шминка годишно ги чини брендовите повеќе од 300 милиони фунти. Многу компании преземале и правни чекори во решавањето на овој проблем, но не се подготвени да откријат кои механизми ги користат во оваа борба. Estée Lauder Cos, фирма која поседува брендови како M.A.C., Clinique, Bobbi Brown, Too Faced, се бори против копиите уште од 2003 година со одлично развиен сигурносен тим кој на тајни задачи ги откриваат произведувачите на копии.

2-shto-e-crn-pazar-na-kozmetichki-proizvodi-i-zoshto-e-opasen-www.kafepauza.mk_

За да ја избегнете непријатната ситуација во која сте станале измамена жртва на пазарот на лажна козметика, потребно е да ја проверувате легитимноста на страниците од кои ги нарачувате производите и да избегнувате неовластени трафики и препродавачи. Абнормалната ниска цена, исто така, упатува на фактот дека купувате копија, бидејќи луксузните брендови многу ретко продаваат производи по толку ниски цени. Вложете рекламација доколку сте забележале дека амбалажата, пакувањето или трајноста на производот не одговара на оригиналот. Некои анонимни препродавачи на козметички копии истакнале дека нивните купувачи знаат што купуваат, а неодговорното купување во тој случај доаѓа со ризик од предизвикување сериозни здравствени проблеми.

Недостижните луксузни производи треба да ги замените со поевтини, но квалитетно и дерматолошки проверени производи. Порастот на копиите помеѓу модната, козметичката, па дури и формациската индустрија е резултат на фактот дека е важен изгледот кој доаѓа со марката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар