Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

Си пливате во прекрасното море или едноставно уживате во плиткото разладувајќи се, кога наеднаш нешто почнува да ве пече, како да сте се допреле на коприва. Тоа ви е поздрав од медуза.

Што да правите кога ќе ве „касне“ медуза?

Прво нешто што треба да сторите е да излезете од вода и да го исчистите местото на кое ве допрела медузата. Тоа најдобро е да го направите со морска вода, а потоа можете да нанесете и малку алкохол.

Доколку при рака имате домат, исечете го на половина и убаво измачкајте го местото. Исто така можете да се послужите и со оцет, сок од домат или лимон, но и со урина.

Стар народен лек кој го ублажува печењето од медузата е смоквиното млеко. Тоа е онаа бела течност која излегува кога ќе откинете лист од смоква. Доколку не верувате во природна медицина, тогаш можете да користите некоја од кремите против изгореници или некоја антибактериска крема.

Откако ќе му пружите нега на местото, држете ладни облоги додека црвенилото и печењето не престанат. Доколку тоа не се случи, појдете на лекар.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар