Што да направите откако ќе кажете „Те сакам“ и нема да го слушнете истото од вашиот партнер?

Што да направите откако ќе кажете „Те сакам“ и нема да го слушнете истото од вашиот партнер?

Кога станува збор за романтична поврзаност со некого, една од работите од кои сите се плашат е кога едниот од партнерите ќе каже „Те сакам“, а другиот нема да го чуе, или пак на ова ќе одговори нешто од типот „Благодарам“, „Ми се допаѓаш многу“, „Навистина, зошто?“, „Сакам кога поминуваме време заедно“, „Тоа е прекрасно“ и слични фрази. Без разлика на избраната фраза или реакција, сите тие имаат еднаков емоционален удар. Од тогаш таа фраза ќе почне да одѕвонува во главата на личноста и таа ќе почне да размислува што да прави. Се прашувате како да реагирате во ваквите ситуации? Погледнете неколку совети во продолжение.

Што да правите откако ќе кажете „те сакам“ и нема да го слушнете истото од вашиот партнер?

1. Не жалете што сте го рекле тоа

Не жалете што сте го изговориле тоа, затоа што во тој момент така сте се чувствувале и тоа е вистината, па нема потреба да посакувате да се вратите назад.

2. Бидете искрени со себе

Колку долго се состанувате со таа личност? Ако тоа се само неколку недели или месеци, тогаш вие сте среќни што толку брзо сте успеале да ги откриете вашите чувства. Сепак, вие двајца сте различни луѓе и можеби на вашиот партнер му е потребно повеќе време за да го направи тоа. Со признавањето дека сакате некого, тоа ќе значи поместување на односите понапред, а партнерот може да не биде подготвен за овој чекор емотивно. Разберете го и прифатете го ова.

3. Однесувајте се како и вообичаено

Продолжете со нормалните активности. На пример, доколку сте биле на вечера кога сте признале дека го сакате вашиот партнер, тогаш продолжете со јадењето или со другите планирани активности. Оваа реакција кажува многу повеќе за вас отколку да создадете непријатна ситуација.

4. Не опседнувајте се со ова

Кога први ќе ги признаете своите чувства, тоа ќе ве направи повеќе емотивно ранливи и на некој начин ќе се чувствувате исплашени. Не дозволувајте тоа да влијае на вас и на вашата врска. Не обидувајте се да докажете зошто и партнерот не ги признал своите чувства. Тоа нема да ви донесе ништо добро.

5. Ставете се на негово или нејзино место

Замислете дека некој ви ги признава своите чувства, а вие сѐ уште не сте подготвени за тоа. Каква би била вашата реакција?

Што да правите откако ќе кажете „те сакам“ и нема да го слушнете истото од вашиот партнер?

Тоа не значи дека личноста не се грижи за вас

Тоа само значи дека не сте на исто место и тоа не е толку лоша работа. Можеби партнерот се обидува да ве запознае подобро. Дајте му дополнителен разумен рок, а потоа проверете до каде се вашите чувства. Временската рамка е во вашата глава, а доколку правите притисок, тоа само ќе заврши лошо.

Прашајте се себеси зошто ви е потребно да го слушнете тоа од вашиот партнер

Зошто тоа ви значи толку многу? Не секој е добар во изразување на своите чувства. Внимавајте и на тоа како партнерот се однесува кон вас. Дали ве вклучува во својот живот? Дали ве запознава со своите пријатели и семејството? Дали му/ѝ е мило што другите ве гледаат заедно? Дали ви покажува кога му/ѝ недостасувате? Ако сите одговори на овие прашања се позитивни, тогаш мал е сомнежот дека тој или таа не ве сака. Можеби само не е подготвен/а да го каже тоа. Бидете трпеливи.

Чувајте ги зборовите за себе во одреден период

Рековте еднаш и тој/таа го слушна тоа. Не е глув/а и нема амнезија. Дајте му/ѝ малку време и простор. Кажувајќи го тоа еднаш без да го слушнете истото и од него или неа, ќе ви предизвика исто чувство како и првиот пат.

Продолжете со својот живот

Го сакате и сте заљубени во вашиот партнер, но не сте зависни од него. Продолжете со својот живот и кога ќе биде подготвен, нека ви се придружи и тој или таа. Една работа што треба да ја имате предвид е тоа дека можеби оваа личност не ве сака на истиот начин на кој вие ја сакате неа. Затоа, искористете го времето за да го проучувате нивното однесување и да утврдите дали тие не ви ги признаваат чувствата затоа што не ве сакаат или затоа што им е потребно уште време. Доколку сте заљубени, не двоумете се да го искажете тоа. Би било супер да го слушнете истото и од вашиот партнер, но доколку тоа не се случи, тогаш треба да бидете емоционално стабилни и да продолжите нормално со вашиот живот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар