Што да направите кога сте обвинувани и засрамени?

Што да направите кога сте обвинувани и засрамени?

Чувството на срам нè тера да се повлечеме, да се браниме, да се чувствуваме како жртви и да се обидуваме да возвратиме на каков било начин. Емоциите кои во тој момент владеат со нас носат некои импулсивни реакции кои не се добри за нас. Тогаш, што треба да направиме во таков момент?

Што да направите кога сте обвинувани и засрамени?

Одложете го одговорот на нападот

Кога некој ве напаѓа, обвинува и засрамува, тој/таа е премногу затворен/а за да ги слушне вашите аргументи во еден конструктивен разговор. Затоа речете дека не можете да слушате во тој момент и дека ќе разговарате кога тој/таа ќе се„ излади“. По 15 минути нападите кон вас ќе бидат многу послаби и полесно ќе ги расчистите работите.

Бидете љубезни и сочувствителни кон себе

Обидете се да останете свесни за својата беспомошност во однос на зборовите на другата личност, односно дека не можете да го спречите она што ви се случува. Не се обвинувајте себеси за беспомошноста во тој момент, ниту за чувството на безвредност кое некој друг ви го наметнува.

Размислете дали ви тежат некои стари спомени

Доколку нападот не е непосреден ќе имате време да размислите и дали некои стари спомени ви тежат и прават да се чувствувате многу полошо отколку што треба. Кога новиот напад ве потсетува на некоја случка од минатото и ви се чини дека таа ви се повторува, тоа го засилува негативниот ефект од она што ви се случува денес.

Побарајте разбирање во себе за другата личност

Можеби оној што ве напаѓа тоа не го прави заради некој проблем кај вас. Може тоа да го прави и затоа што не се сака себеси, огорчен/а е од нешто или погрешно ги сфатил/а работите. Често пати нападите се случуваат токму поради овие работи и затоа не треба да дозволите нечии туѓи фрустрации да направат да се почувствувате безврдно.

Поразговарајте со некого

Тоа е една од најубавите работи за себе која можете да ја направите во моментите кога сте засрамени или некој ве обвинува за нешто. Ќе добиете утеха, мир и помош за потрезвено и похрабро да ги согледате работите.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар