Што да направите кога нешто ќе ви влезе во окото и како да избегнете инфекција?

Што да направите кога нешто ќе ви влезе во окото и како да избегнете инфекција?

Кога некое непознато тело ќе ни се најде под капакот, веднаш го чувствуваме, без разлика дали станува збор за трепка, зрнце песок или нешто трето. Без разлика што е, важно е веднаш да го отстраните, не само поради тоа што ви пречи, туку и за да се избегне создавање на инфекција.

1-shto-da-napravite-koga-neshto-kje-vi-vleze-vo-okoto-i-kako-da-izbegnete-infekcija-www.kafepazua.mk_

1. Бидете нежни

Кога нешто ќе ви влезе во окото, првиот инстинкт најверојатно ве наведува на триење, што е во ред сѐ додека го правите тоа нежно и со чисти раце. Доколку станува збор за нешто поголемо, како што е песок, или пак, за нешто остро што можеби дури и ве боцка, подобро е да одите на доктор. Со невнимателното вадење можете да предизвикате поголема повреда на окото.

2. Измијте го со вода

Миењето на окото со чиста и ладна вода може да го реши проблемот во поголемиот дел од случаите, па секако испробајте ја оваа метода.

3. Ако е итно, веднаш одете на доктор

Ако сте се обиделе самите да го извадите објектот од окото и не сте успеале во тоа, решението не е игнорирање, туку посета на доктор. Колку подолго непознатата честичка ќе остане во окото, толку се поголеми шансите за оштетување на окото и создавање на инфекција. Доколку сте успеале да ја отстраните честичката со вода, но после тоа се појавило силно црвенило во окото или болка, повторно посетете го вашиот доктор. Благата болка е скоро вообичаена после отстранувањето на честичката од окото, а докторите понекогаш препишуваат антибиотици за да бидат сигурни дека нема да дојде до инфекција.

4. Штитете ги вашите очи

Важно е квалитетно да ги заштитите очите, и од силното сонце и од ветрот што со себе носат разни честички. Затоа, не штедете на квалитетни очила, бидејќи вашите очи го заслужуваат тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар