Што да направите доколку сакате луѓето да ве сфаќаат посериозно на работното место?

Што да направите доколку сакате луѓето да ве сфаќаат посериозно на работното место?

Постојат бројни фактори поради кои во професионалниот свет (не) ве сфаќаат сериозно. Во прашање може да биде нешто ирационално како што се времето, полот, висината, па дури и гласот поради кој вас и вашите вредности другите погрешно ги проценуваат. Понекогаш и одредено несвесно однесување може да биде погрешно интерпретирано, па многумина да ве сметаат за помалку стручни или вешти отколку што навистина сте. Независно од начинот поради кој сте несфатени, обидете се да ги промените ставовите на вашите колеги така што самите вие ќе се промените и ќе почнете да живеете по јасни вредности за да стекнете почит и конечно да бидете сфатени посериозно.

Business woman looking out window

1. Секогаш бидете информирани

Подобро молчете отколку да зборувате нешто за што не знаете ништо. Комуницирајте ефикасно и со доволно предзнаење за секоја тема што ви „лежи“. Бидете сигурни дека владеете со сите факти пред да ги изговорите зборовите кои не можат да се вратат. Да бидете интелигентни не е доволно.

2. Одржете го дадениот збор

Ако кажете дека ќе направите нешто, направете го тоа. Никогаш не ветувајте нешто што не можете да го направите, бидејќи тоа е најлесниот пат луѓето да почнат да доживуваат како несериозни. Секогаш е подобро да бидете искрени отколку да ги разочарате своите колеги поради недостиг на време.

3. Облекувајте се убаво

Сите ние знаеме да се облечеме за работата која ја сакаме, но не и за работата која ја имаме. Како ќе се појавите на работното место е показател за почитта што ја имате кон себе, но и кон околината. Никогаш не заборавајте дека почитта е клучна за доживување успех.

4. Пазете на тонот на гласот

Начинот на кој зборувате може да значи повеќе од она што го изговарате. Разговарајте со доверба, но и почитување, секогаш имајќи го на ум тонот кој го користите. Тоа е еден од најлесните начини да се покажете како доверлива личност, што знае што прави.

5 .Секогаш бидете на време

Доцнењето е знак за непочитување и неодговорност – две особини кои немаат место во канцеларијата. Затоа припазете на точноста.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар