Што да направите ако породувањето започне на необично место и во необично време?

Што ако породувањето започне, а не можете да стигнете до медицинско лице? Тоа е ситуација која никој не би сакал да ја доживее, но сепак, понекогаш се случува. Затоа, добро е да знаете неколку чекори со кои ќе можете да помогнете.

Како прво, секогаш повикајте Итна помош и доколку не може да стигне до вас навреме, останете со медицинското лице на врска, за да може да ви помогне со совети и поддршка. Кажете му колку точно е бремена родилката, кое бебе е по ред, колку се чести контракциите, колкава е паузата помеѓу нив, колку траат и колку таа крвави.

Како второ, треба што помалку да се мешате. Породувањето во поголем број случаи е потполно природна работа и природата ќе направи сè што е потребно. Честото попречување само може да го забави породувањето или да наштети. Вистинската помош е потребна доколку дојде до компликации – а многу тешко дека тоа сами ќе можете да го решите.

Најважно е да бидете блиску до мајката, да ѝ дадете поддршка и да се погрижите за бебето откако ќе излезе надвор.

Тоа што е важно е:

  • Не давајте ѝ никаква храна на родилката, бидејќи таа може да поврати.
  • Доколку сака да пие, давајте ѝ само вода, во мали голтки, најдобро само да ја навлажни устата. Ако имате мраз, можете да ѝ дадете да шмука.
  • Во текот на првата фаза од породувањето наместете ја родилката во седечка положба, помогнете ѝ да клекне или пак да биде „на сите четири“ на подот, на чист чаршаф или на кревет. Доколку ѝ е поудобно, може да се движи. Смирувајте ја и советувајте ја да ги „издишува“ контракциите. Масирајте ѝ го долниот дел од грбот и освежувајте ја со пребришување на лицето со ладна вода.
  • Кога ќе започне втората фаза од породувањето и силните напори, родилката има нагон да турка. Под и околу неа треба да има чисти чаршафи за да се намали ризикот од инфекции. Родилката треба да ја соблече целата облека која може да пречи во породувањето – да биде гола од половината надолу. Горниот дел од телото нека биде исправен, за да може полесно да се напнува.
  • Немојте да го влечете бебето за главата или рамената откако ќе почне да наѕира – почекајте да излезе само!
  • Доколку папочната врвца е околу вратот на бебето, проверете дали е затегната, и нежно и внимателно префрлете ја преку главата за да го ослободите бебето и да го спречите гушењето.
  • Почекајте бебето само да проплаче, немојте да го удирате. Ако не плаче, отворете му ја устата и проверете дали дише.
  • Измијте ги и исушете ги рацете пред да го прифатите бебето – тоа е лизгаво и може да ви падне, па затоа држете го внимателно. Замотајте го во чист пешкир или чаршаф и ставете го на мајчините гради, за таа да го прифати и нека го држи цврсто.
  • Кога ќе започне третата фаза од породувањето – раѓање на плацентата, немојте ништо да помагате или да ја влечете папочната врвца. Откако ќе излезе плацентата, ако помошта е на пат, немојте да ја сечете папочната врвца. Ако не е, папочната врвца може да се пресече само со стерилизирани ножички или нож. Таа не се фрла, за да може да се користи нејзината целост, а коренот на папочната врвца се третира со јод и цврсто се врзува со стерилни ленти, со чисти, дезинфицирани раце.
За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар