Што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?

Што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?

Логично е тоа што добриот секс ги прави луѓето среќни. Едно неодамнешно истражување ни открива дека луѓето попрво би имале секс еднаш неделно отколку да заработуваат дополнителни 50.000 евра годишно. Но, важно е да се спомене дека ова зависи од тоа дали сексот е придружен со гушкање или не.

Што би ве направило посреќни: Да имате секс еднаш неделно или да заработувате повеќе?

Истражувањето се сочинувало од неколку одделни експерименти. Учествувале љубовни парови на кои им биле поставувани прашања поврзани со тоа колку често имаат секс, колку се задоволни од животот и колку често се бакнувале, гушкале и разменувале нежни допири. Резултатите покажале дека освен што честиот секс навистина го подобрува расположението, нежните допири исто така ја зголемуваат среќата кај луѓето. Со други зборови, многу е важно дали се гушкате по сексот.

Заклучокот е дека навистина постои врска меѓу зачестениот секс и позитивните емоции. Повеќе секс води кон повеќе среќа, но само ако постои љубов и нежност меѓу сексуалните партнери.

Според тоа, можеби навистина вреди да ги замените дополнителните 50.000 евра годишно за секс еднаш неделно, но само ако сексот е навистина добар и придружен со многу бакнежи и прегратки.

Во продолжение дознајте и што е тоа што на мажите им е поважно од сексот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар