Шминката со боја на праска ќе доминира во новата 2017-та година

Новата 2017-та година само што пристигна, а ние веќе започнавме да ги забележуваме сите големи трендови кои ќе доминираат со неа. Па, треба да бидеме подготвени на време, зар не? Нема ништо полошо од неинформираноста! Затоа, кога станува збор за шминкањето, со сигурност можеме да тврдиме дека оваа пролет ќе биде во знакот на шминката со боја на праска – на очите, усните, образите – сè доаѓа предвид за природен сјај што дава впечаток како да сме биле на плажа.

1-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Во 2017-та година ќе кажеме „збогум“ на нападната шминка во јаки бои и воодушевено ќе кажеме „здраво“ на природниот изглед на кој дури ниту познатите убавици не останаа рамнодушни. Ако Кајли Џенер ја препознала вредноста но овој суптилен начин на шминкање, кои сме ние да го противречиме тоа?

2-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

Овој нежен мејкап изглед ќе може да биде ваш избор за сите прилики и за сите модни комбинации, без разлика на стилот на облекување и местата на кои се движите. Доволно е суптилен за секој ден, а може да изгледа и тоа како гламурозно за потребите на свечените прилики и раскошните тоалети. Во комбинација доаѓаат сите нијанси на портокалова боја, а во согласност со вашиот вкус изберете ги оние посветлите или потемните нијанси, сјајните или пак мат сенки, со светки или без. Како што гледате на фотографиите, можностите се многу, а ниту една не е погрешна!

3-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_ 5-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_ 6-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

4-nova-bjuti-opsesija-shminkata-vo-boja-na-praska-kje-dominira-vo-novata-2017-ta-godina-www.kafepauza.mk_

 

 

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар