Шкотски десерт со малини

Совршена комбинација од благ десерт и силен алкохолен пијалак

Шкотски десерт со малини

Потребни состојки:
  • 570 грама слатка павлака
  • 85 грама овесни снегулки
  • 7 лажички виски
  • 3 лажички мед
  • 450 грама малини
Начин на подготовка:

Загрејте ги овесните снегулки во тава, притоа пазејќи да не загорат. Изматете ја слатката павлака со миксер и потоа во неа додајте ја овесната каша, вискито, медот и малините. Матете сè додека состојките не се соединат. Сервирајте во стаклени чаши за десерт и додајте неколку цели малини за декорација.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар