Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Оваа топла сезона дефинитивно е во знакот на украсните очила за сонце. Модните писти го пренесоа трендот на улиците, па веќе на лицата можеме да видиме впечатливи додатоци кои ги красат рамките, што ги прави очилата за сонце задолжителен и маркантен моден додаток.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиЕве неколку идеи за она што е хит и шик оваа сезона.

Очила за сонце со украси на работ

Овие очила ќе направат да изгледате гламурозно. Вниманието го привлекуваат пчеличките и цветните декорации на работ. Одат одлично со пролетен фустан со принтови во пастелни бои.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Очила за сонце со украсни камчиња во форма на мачка

Доколку цветовите и пчеличките не ви се вклопуваат во имиџот, можеби ќе можете да се навикнете на украсни камчиња, кои ги има во разни облици и големини, понекогаш наредени во низа по целата должина на рамката. Со камчиња во боја различна од онаа на рамката, дефинитивно покажувате дека имате храбар стил, додека за посуптилен изглед можете да изберете тие да бидат во иста боја.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Бисерни очила за сонце

Овие очила се апсолутен хит. Ќе направат да изгледате тренди и забавно.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Кружни очила за сонце со светки

Ваквите рамки не се погодуваат лесно за да бидат во согласност со формата на лицето, но начелно нема да погрешите ако одите на поголема варијанта. Изберете кружни рамки со светкав финиш за погламурозен изглед на вашиот секојдневен стил.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Очила за сонце со филигран

Уште еден тренд во модата со очилата за сонце, се рамките збогатени со елементи од филигран. Тие делуваат впечатливо и изразито декоративно. Комбинирајте ги со шик облека, на пример бела свилена блуза и тесни панталони.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Очила за сонце со метални рамки

За елегантен и минималистички изглед изберете метални рамки со отсечоци во необични форми. Почнете да ги комбинирате со едноставна облека, па ако ви легнат на стилот, одете кон похрабри комбинации.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Ретро украсени очила за сонце

Клупските очила се повторно ин, со тоа што овој пат специфичната форма е надополнета со многу светкави камчиња. За да го доловите ретро изгледот, комбинирајте ги со обична црна маичка (рамбовка) и светкави фармерки.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементи

Очила за сонце со цветни декорации

Декоративниот елемент и во овој модел е додаден на рабовите, овој пат во вид на впечатливи цветови. Флертувачки пролетен фустан е одличен избор за комбинирање со нив во топлите денови.Шик очила за сонце со впечатливи декоративни елементиОва се само некои идеи доколку сакате очила за сонце со впечатливи декорации, а ако имате лански модел погоден за обработка, некои од овие хит модели можете да ги направите и сами.

Погледнете уште 12 стилски женски модели на очила за сонце кои се носат оваа година.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар