Шик комбинации со чорапи над колена

Зимата е сезона на облекување во слоеви и интересни детали, меѓу кои неопходни за модерен изглед се и чорапите над колена. Погледнете некои од начините на кои можете да ги комбинирате во зависност од вашиот омилен стил.

Ретро стил

(0) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Комбинирањето на чорапите над колена може да биде во ретро стил. Тесното фустанче, чевлите и шапката кои ги гледате на сликата, заедно со црните чорапи се една опција за постигнување на ретро стил.

Школски стил

(1) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Црната облека во комбинација со сивите чорапи дава типичен школски изглед, но истовремено и зрачи со софистицираност. Црвен кармин на усните и впечатлива чанта совршено ќе го надополнат целокупниот изглед.

Класичен стил

(2) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Црно-белата комбинација е синоним за класичен изглед. Лелеаво црно фустанче, бела наметка и црни чорапи над колена навистина прави еден елегантен, класичен изглед.

Рокерски стил

(3) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Едноставно, а сепак моќно и малку рокерски. Темноцрвената кожна сукња со сиво-црното палто и црните чорапи над колена е одлично искомбинирана. Употребата на едно парче облека во повпечатлива боја може да го освежи целиот изглед.

Женствен стил

(4) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

За постигнување на поженствен изглед може да изберете чорапи над колена со одредени детали, како машнички или рабови со чипка. Токму таквите детали ќе ве направат да изгледате различно и уникатно.

Зимски стил

(5) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Чорапите над колена прекрасно одговараат со чизми. Делот од чорапите кој се познава над чизмите дава удобен, освежувачки и интересен изглед, со голема доза на индивидуалност и личен печат.

Со хулахопки

(6) shik-kombinacii-so-chorapi-nad-kolena-kafepauza.mk

Како што кажавме на почетокот, зимата е одличен период за облекување во слоеви. Облечете ги омилените хулахопки и над нив чорапите над колена. Ќе изгледате стилски, а и ќе ви биде потопло.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран преведувач и толкувач. Непоправлив перфекционист. Љубопитна, интуитивна и насмеана. Ја сака уметноста и културниот живот. Идеалист. Верува во астрологија, убаво утринско кафе и позитивно размислување.

Поврзани содржини

Остави коментар