Шеќерот е ужасен за вашето здравје, но во овие 10 случаи прави вистински чуда

Добро е познато дека шеќерот не е најздравиот избор кога е во прашање исхраната, но тоа не значи дека во домот не треба да имате едно пакување. Во следните 10 случаи, оваа бела состојка може да направи чуда!

1-shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_

1. Рани

Истражувањата покажуваат дека кристалниот шеќер го подобрува заздравувањето на раните, дури и кога антибиотиците и другите познати методи не делуваат.

2. Усни

Ставете го прстот во вода, а потоа во кристален шеќер. Лесно измасирајте ги усните со кружни движења. Овој метод ќе биде вашиот спас доколку имате суви и испукани усни.

3. Лице

Измешајте една лажичка шеќер, една лажичка оризово брашно и една лажичка млеко. Нанесете на чисто лице и лесно масирајте со кружни движења околу 5 минути. Оставете да се исуши, а потоа измијте со ладна вода. Лицето ќе ви биде целосно исчистено и мазно.

3-shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_

4. Тело

Ако барем еднаш неделно применувате пилинг со 3 лажички маслиново масло и 4 лажички шеќер, кожата на телото ќе ви биде преубава, подмладена и мазна.

5. Рок на траење

За вашите омилени колачиња да останат подолго време свежи, ставете со нив и неколку коцки шеќер. Ќе бидат вкусни и до 7 дена по подготовката!

6. Меки стапала

Мешавината од шеќер и масло од нане е добитна комбинација за меки табани. Шеќерот ги отстранува мртвите клетки, додека маслото ги омекнува петите.

7. Валкана кожа

Кога ќе се измачкате со разни бои или други средства кои обичниот сапун не може да ги измие, обратете се за помош кај шеќерот. Само измешајте го со кое било масло и истријте ги рацете – за кратко, тие ќе бидат совршено чисти!

4=shekjerot-e-uzhasen-za-vasheto-zdravje-no-vo-ovie-10-sluchai-pravi-vistinsko-chudo-www.kafepauza.mk_

8. Тврдокорни дамки

Шеќерот ја отстранува една од најупорните дамки – дамките од трева. Само посипете шеќер врз дамката и оставете да делува од 40 до 60 минути. Ќе се воодушевите!

9. Продолжете го животот на цвеќето

Ова најверојатно веќе сите го знаете – ако во водата со свежо цвеќе додадете малку шеќер, тоа ќе трае подолго.

10. Убод од оса

Ставете малку шеќер на местото на кое ве боцнала оса. Тој ќе помогне отровот да излезе, а отокот да се намали.

Погледнете митови за шеќерот во кои веднаш треба да престанете да верувате.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар