Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Диетите што не даваат долготрајни резултати најчесто се засноваат на изгладнување. Од друга страна пак, не е добро ни да се вложува премногу време и пари за нешто што не води кон видливи резултати, а понекогаш дури и предизвикува дополнително зголемување на тежината. За жал многу од овие диети сè уште се користат од страна на голем број жени што сакаат брзо да ослабат и да ја добијат посакуваната фигура.

(1) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Па, ако се пронаоѓате во тој опис, имаме изненадување за вас – најдовме брза диета што нема несакани последици и штета на вашето здравје. Станува збор за умерен и шарен режим на исхрана. Во продолжение прочитајте како со помош на боите можете да дојдете до совршено балансирана исхрана што ќе ви помогне да ги изгубите несаканите килограми.

Бел ден

(2) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Појадок: Фрапе од 200 милилитри немасно млеко и две банани

Ужина: Банана

Ручек: Крем супа од печурки, пилешко филе подготвено на скара и парче интегрален леб

Вечера: Тестенини со сирење

Жолт ден

(3) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Појадок: Фрапе од 200 милилитри соино млеко и парче диња

Ужина: Грејпфрут

Ручек: Крем супа од тиква и рижото со телешко месо

Вечера: Омлет со жолта пиперка

Зелен ден

(4) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Појадок: Парче леб од ‘рж, паштета од туна и шолја зелен чај

Ужина: Зелено јаболко

Ручек: Чорба од брокули и парче леб од ‘рж

Вечера: Две шницли бело пилешко месо, подготвени на скара и зелена салата

Црвен ден

(5) Шарена диета со чија помош ќе изгубите 2 килограми за 4 дена

Појадок: Фрапе од 200 милилитри млеко и 250 грама малини (може и замрзнати)

Ужина: Шумско овошје

Ручек: Две полнети црвени пиперки, парче интегрален леб и салата од домати

Вечера: Тестенини прелиени со сос од домати и пармезан, шолја чај од хибискус

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар