Шансите за љубовна врска, романса и секс се многу поголеми во текот на зимата

Ниските температури имаат големо влијание на нашиот сексуален живот, а научно е докажано дека шансите за љубов, романса и секс се поголеми во текот на зимските месеци. Прочитајте во продолжение зошто се случува тоа…

1-shansite-za-seks-romantika-i-vrska-se-mnogu-pogolemi-vo-tekot-na-zimata-a-eve-i-zoshto-e-toa-taka-www.kafepauza.mk_

1. Сите сакаме да бидеме на топло

Истражувањата покажуваат дека луѓето во текот на студените месеци учествуваат во помалку социјални настани, а изолацијата од социјалниот живот може да направи да мислиме дека ни е и физички постудено. Личноста со која можеме да уживаме во сексот ни помага да се чувствуваме потопло, како физички, така и психички.

2. За момците, девојките се попривлечни во текот на зимата

Едно истражување што било спроведено во Полска дошло до заклучок дека мажите во текот на студените месеци сметаат дека девојките се попривлечни отколку во потоплите. Причината е сосема логична, девојките во текот на зимата се облекуваат слоевито, криејќи ја својата кожа од мажите кои пак едвај чекаат да ја „откријат“. Во текот на летото сѐ е поопуштено, па со оглед на тоа што мажите имаат поголем увид во разголеното тело на жените, интересот им е малку намален.

3. Мажите во зима се најмногу возбудени

Уште една промена поврзана со годишното време – истражувањата покажуваат дека заради промената во начинот на спиење и временските услови, количината на тестостерон кај мажите е најголема во декември. Тестостеронот ја одредува и желбата за секс, заради што мажите се најмногу возбудени во текот на декември.

2-shansite-za-seks-romantika-i-vrska-se-mnogu-pogolemi-vo-tekot-na-zimata-a-eve-i-zoshto-e-toa-taka-www.kafepauza.mk_

4. Сите сме депресивни

Нашите тела во текот на месеците со помалку сонце произведуваат помалку серотонин, па затоа и зимно време сме многу подепресивни. Со самото тоа, склони сме и кон барање на некој кој ќе нè направи посреќни.

5. Празничните реклами може да нè натераат да посакуваме љубов

Рекламите со семејство, љубов и слични содржини, наменети да ги направат зимските месеци потопли, може да нè уверат дека ни е потребен партнер. Заради тоа во текот на зимските месеци луѓето почесто се одлучуваат за врска, за повеќе да се приближат на романсата која ја гледаат на рекламите.

А, бидејќи е докажано дека студеното време ја зголемува романтиката, ви предлагаме 9 идеи за љубовен состанок со саканиот кога времето е студено.


За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар