Сезонската храна на прво место во вашето мени

Сите ние многу добро знаеме дека доколку се храниме здраво, организмот ќе ни биде благодарен. Прв чекор до правилна искрана е одбирање на сезонската храна. Храната која е актуелна во одредена сезона е главен дел од нутриционистичката исхрана.Сезонската храна на прво место во вашето мени

Летна исхрана

Во лето е најдобро да конзумирате грав, тиквички, домати, зрнесто овошје. Обрнете особено внимание на овошјето кое зрее во овој период од годината: кајсии, дињи, цреши, киви, боровинки, малини, јагоди, домати, праски. Зеленчук кој треба да го конзумирате: зелка, моркови, тиквички, компири, грашок, пиперки, кромид.

Јагнешкото месо, како и месото од зајак, се најдобар избор за летната сезона, месото од дивеч не содржи многу масти, а маснотиите од јагнешкото место брзо се разложуваат во организмот. Исто, конзумирајте морска храна како: ракчиња, лосос, скуша, сардини, туна… Во средина на летото, јадете многу цвекло, брокула, краставици, грашок и пченка. Кон крајот на летната сезона конзумирајте боровинки, цреши, киви, нектарини и јагоди.Сезонската храна на прво место во вашето мени

Зошто е добра сезонската храна?

Постојат многу причини зошто сезонската храна е добра за нас. Еве неколку од нив:

Цените се пониски – Секогаш кога купувате нешто што зрее во таа сезона, голема е веројатноста неговата цена по маркетите да е многу поволна. Сезонската храна почесто се произведува, полесно може да ја најдете, и логично е подостапна. Пакуваниот смрзнат зеленчук или оној кој не е произведен по природен пат има повисока цена. Кога производството е на локално ниво и го има во изобилство, ќе чини помалку.Сезонската храна на прво место во вашето мени Вкусот е подобар – Не може да речете дека доматите кои се зреени во неприродни услови се повкусни од оние кои зреат кога им е сезоната. Вкусот игра голема улога, а сезонската храна си го прави своето. Споредете свежо созреан зеленчук со недозреан зеленчук, чуван и транспортиран во замрзнувачи. Доколку овошјето и зеленчукот, не созреале целосно во нивната природна средина, нема да имаат добар вкус.

Разновидност во исхраната – Оние кои обрнуваат внимание на сезонската храна, се хранат различно во текот на целата година. Со конзумирање на одредена храна во одреден период од годината, разновидноста во вашата исхрана ќе биде голема, а тоа е добро за вашето здравје. Едноставно, дајте им предност на овошјата и зеленчуците кои зреат сега.


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар