Селективно слабеење: Како со помош на исхраната да обликувате само одредени делови од вашето тело?

Селективно слабеење: Како со помош на исхраната да обликувате само одредени делови од вашето тело?

Хормоните се одговорни за распоредување на маснотиите ширум нашето тело. Но, за жал, кај многу дами постои хормонално нарушување. Тоа може да се случи како последица на загадениот воздух, недоволна физичка активност, несоодветна исхрана и мноштво други стресни ситуации. Токму затоа многу е важно да почнете повеќе да се движите, да внимавате што јадете и да поминувате повеќе време на воздух со цел да го избегнете стресот и нервирањето.

selektivno-slabeenje-kako-so-pomosh-na-ishranata-da-oblikuvate-samo-odredeni-delovi-od-vasheto-telo-www.kafepauza.mk

Масни наслаги околу струкот

Оваа појава укажува на неконтролирано лачење инсулин. Со цел тоа да го регулирате, јадете што повеќе морски плодови, риби, брокули, покрај зачини како цимет и чили. Засладете се со боровинки и брусници и секојдневно пијте зелен чај. Јадете леб од интегрално брашно. Ова се само неколку начини на кои можете да го прочистите вашиот организам и да го доведе до контрола лачењето инсулин. Исто така, исфрлете го алкохолот, газираните пијалаци, десертите и помфритот.

Масни наслаги во пределот кај пазувите

Тие не ви дозволуваат да носите фустани или маички без ракави. И не само што не изгледаат убаво, туку можат да бидат знак и дека тироидната жлезда не ви работи како што треба, односно дека е побавна одошто би требало. Оваа состојба најчесто е проследена со брзо изморување и лошо расположение. Би било одлично доколку почнете да јадете во што помали количини зелка, брокули, обработена соја, кељ, цвекло, јагоди и праски. Заменете ја оваа храна со лосос, туна, бразилски ореви, кромид и интегрални житарици. Исто така, забранети ви се и нервирањето и стресот.

Масни наслаги во областа на рацете околу лактите

Ова е показател дека постои слабо лачење на тестостерон во вашето тело. Со цел тоа да го поправите, потрудете се почесто да имате сексуални односи, секојдневно да правите вежби за рацете, повеќе да спиете и да не бидете постојано изложени на стрес. Избегнувајте ги слатките, но нема потреба да гладувате. Јадете што повеќе лосос, авокадо и семки од лен.

Масни наслаги на бутовите и задникот

Масните наслаги во овие предели можете лесно да ги елиминирате доколку вашата исхрана се базира на зеленчук, овошје, јогурт и интегрални житарици. Овој проблем се јавува ако нивото на естрогенот ви е над оптималниот. Намалете ја употребата на лековите за смирување, кафето, алкохолните и газираните пијалаци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар