Сексот во 30-тите години е најдобар: 9 докази дека сте сексуално созреани

Деновите кога не сте имале поим за сексот се далечно минато. Сега сексот е дел од вашиот секојдневен живот и навистина знаете што правите. Поголемиот дел од луѓето минуваат низ 9 промени кои се знак на сексуална зрелост. Дознајте дали и вие сте едни од нив…

Сексот во 30-тите години е најдобар: 9 докази дека сте сексуално созреани

1. Никому не се докажувате повеќе

Не се потресувате околу тоа дали вашата изведба во кревет ќе биде фантастична. Тоа е така затоа што вашиот сексуален живот е поврзан со една личност или пак досега сте имале повеќе сексуални партнери, па имате доволно самодоверба. Повеќе не чувствувате притисок. Понекогаш давате 100% од себе, а понекогаш без размислување го „фаќате“ партнерот за време на рекламите и имате секс на брзина.

2. Задоволни сте од еден единствен партнер

Статистички гледано, повеќето луѓе влегуваат во сериозна врска или брак кон крајот на 20-тите години и во 30-тите години тие веќе имаат еден стабилен партнер. Желбата за пробување нови работи се сведува на пробување нови пози со партнерот, а не на лудите забави кои знаеле да завршат со секс без обврски со луѓе кои воопшто не ги познавате. Сингл луѓето нема толку често да ги менуваат партнерите. Попрво ќе бидат во врска во која ќе имаат односи само со еден партнер.

3. Откривате нови работи

Со текот на времето и искуството, почнувате да се истражувате себеси, вашите желби и интереси. Секој се подобрува на различен начин. Некои пробуваат нови пози или места, некои ги усовршуваат своите сексуални вештини и ја проучуваат Кама Сутрата или тантричкиот секс, но најважно е дека сите ги зголемуваат своите знаења и искуства.

4. Подобро комуницирате со партнерот

Секако дека сите би сакале уште веднаш да ги споделат сите свои фантазии, но тоа е вештина што се учи со текот на времето. За да споделите нешто толку лично, потребно е да изградите доверба и љубов со партнерот. Во 30-тите години повеќето луѓе знаат што сакаат и што не сакаат. Ако сте во сериозна врска, сигурно знаете како да се возбудите меѓусебно и како да му пружите незаборавно задоволство на партнерот.

Сексот во 30-тите години е најдобар: 9 докази дека сте сексуално созреани

5. Го имате запознаено своето тело

Знаете како најлесно доживувате оргазам и која поза најмногу ви одговара. Тоа е многу важно во ситуации кога немате многу време и расположени сте за секс на брзина, како на пример наутро пред да се разбудат децата.

6. Поважен ви е квалитетот од квантитетот

Сексот во 30-тите години е фантастичен без разлика дали сте во врска или сингл. Луѓето во овој период ја намалуваат количината на сексуални односи и обрнуваат внимание на квалитетот. Со оглед на тоа што станува збор за напорен животен период исполнет со многу обврски, повеќето луѓе попрво би одбрале квалитетен секс еднаш неделно отколку 3 на брзина.

7. Сексот станува „наменски“

Во 30-тите години луѓето имаат таканаречен „наменски секс“ за да имаат деца. Во овој случај, сексот не е фантастичен, бидејќи се форсира за време на плодните денови, а тоа предизвикува голема напнатост наместо уживање.

8. Можете да имате односи дури и тогаш кога сте уморни

Мрзливиот секс е една од вештините што ја стекнуваат луѓето во 30-тите. Во овој период, луѓето обично се исцрпени поради многуте обврски поврзани со работа, деца и сметка, а никој нема пристап до неограничен извор на енергија. Мрзливиот секс ќе ви дојде одлично кога сте имале тежок ден, а сепак сакате да се посветите на партнерот или себеси.

9. Сте се помириле со тоа дека вашиот сексуален живот ќе има и успеси и падови

Има периоди кога сексот не ви ни паѓа на памет, поради многуте животни проблеми. Во такви случаи, немате волја за секс и тоа е сосема нормално. Од друга страна, пак, има периоди кога сексот е единственото нешто што ви се врти во глава и тогаш се чувствувате како одново да минувате низ сексуално будење. Веќе сте доволно возрасни за да знаете дека сексуалната желба понекогаш е поголема, а понекогаш помала и тоа е нормален дел од животот.

Прочитајте ги и следниве 18 тајни што треба да ги знае секоја жена за подобар секс.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар