Секс на првиот љубовен состанок: Да или не?

Секс на првиот љубовен состанок: Да или не?

Тешко е да се каже кога е точното време за првиот сексуален однос. Некои луѓе би ви кажале дека е сосема нормално да го направите тоа на првиот состанок, некои би ве советувале да почекате барем до 3-от додека пак, останатите ќе ви кажат дека треба да помине еден месец пред да го преземете овој чекор во вашата врска.

Секс на првиот љубовен состанок: Да или не?

Различни луѓе имаат различни размислувања и очекувања од врските, па токму затоа и постојат големи разлики при „правилата“ за започнување со секс. Истражувањата воопшто не ни помагаат при одговор на ова прашање, бидејќи и тие ни нудат различни одговори и совети, најчесто многу спротивни едни од други. Па, што би требало вие да направите? Најкраткиот одговор е: Слушајте се самите себеси. Но, доколку сè уште не сте сигурни, погледнете ги следниве причини кои би можеле да ви помогнат да одлучите дали навистина сакате да го направите овој чекор или не.

ЗА:

1. Вие сте одговорни и возрасни личности кои знаат како да се грижат за себе. Доколку сакате секс со оваа личност, едноставно направете го тоа. Сè што треба да направите е само да се погрижите за заштитата од несакана бременост и полово преносливи болести и потоа едноставно да се препуштите на уживањето.

2. Мала авантура никогаш не е на одмет. Ако пред вас има личност која ве привлекува, тогаш зошто да не си дозволите да експериментирате? Дури и никогаш претходно да не сте имале секс на првиот состанок, доколку сте свесни за она во што се впуштате, тогаш нема потреба да се спречувате.

3. Тестирање на вашите граници. Ако постојано размислувате на оваа тема и ве возбудува самата идеја да имате сексуален однос со личност која не ја познавате многу добро, но не сте сигурни дали би се осмелиле доколку дојдете до таква ситуација, тогаш единствениот начин да проверите е доколку едноставно кажете да. Вие секогаш можете да се премислите, доколку не сте сигурни, но барем конечно ќе откриете дали сакате да го правите тоа или не.

ПРОТИВ:

1. Можеби е премногу брзо за вас. Првиот состанок е одлична можност за подобро да ја запознаете оваа личност, па токму затоа можеби би требало да инвестирате повеќе време за разговор. Доколку не сте сигурни дека тој или таа ве привлекува доволно или пак, ако чувствувате било каква непријатност, тогаш можеби е подобро да се вратите сами дома.

2. Постои можност тој да не ве почитува по оваа одлука. Многу често мажите кои лесно доаѓаат до секс, можат брзо да изгубат интерес и почит за жената која тоа им го овозможила. Токму затоа ако вие не сакате со оваа личност само една забавна вечер во кревет, можеби е подобро да се воздржите додека не го запознаете подобро.

3. Не дозволувајте да ве натераат да направите нешто што вие не сакате. Доколку почувствувате било каков притисок од спротивната страна, јасно дадете му/ѝ до знаење дека вие едноставно не сакате да го направите тоа. Во овие моменти не треба да се срамите да ставите крај доколку не се чувствувате пријатно, бидејќи следното утро има големи шанси да ве обземат силни чувства на каење и страв.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар