Секс-факти поврзани со мажите

Кој има доволно секс во денешново брзо време, кога немаме ни кога да се погледнеме во огледало?! За да дознае зошто, каде и како американците имаат секс, њујоршката компанија за маркетинг истражувања, „Beta Research Corporation“ спровела интернет истражување на 522 случајно избрани мажи на возраст од 21 до 59 години. Избраната група претставува репрезентативен примерок на целокупната американска машка популација, која дава слика за очекувањата, фрустрациите, нагонот, перверзноста и фантазиите на мажите. Еве ги резултатите:

Секс-факти поврзани со мажите

1. Мажите кои се во брак се за 25% позадоволни од нивниот сексуален живот, во однос на мажите кои се сингл.

2. 14% од женетите мажи, барем еднаш во животот имале сексуален однос со друг маж.

3. 34% од мажите кои се во сериозна љубовна врска, ја имаат изневерено својата партнерка.

4. 10% од мажите не го сметаат оралниот секс, за секс.

5. Само 34% од мажите редовно користат презерватив во текот на сексуалниот чин.

6. 43% од мажите имаат проблеми со добивање или одржување ерекција.

7. Само 24% од мажите преферираат нивната партнерка да има големи гради.

8. 22% од мажите изјавиле дека имале 20 или повеќе сексуални партнерки во текот на животот.

9. Кога биле прашани која е нивната најголема грижа кога првпат имаат секс со некоја жена, четири пати повеќе мажи одговориле дека се плашат од својот сексуален перформанс, отколку дека ќе се заразат со ХИВ.

10. Омилени секс-пози на мажите се: жената одозгора во секс-поза „кралица“, мажот одозгора во „мисионерска“ и мажот зад жената во „кучешка“ поза.

11. Само 13% од мажите преферираат порнографија со лезбејки.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар