Секоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајници

Ракот на јајници тешко се открива пред да направи непоправлива штета во организмот, поради тоа што во тој дел од телото има доволно простор за нетипичните ткива да растат, а воопшто да не се почувствува никаков симптом. Исто така, ткивото на јајниците е меко и сунѓересто, па поради тоа лесно може да биде зафатено од карцином кој ќе направи трајни оштетувања. Пред сè, никогаш не испуштајте ги редовните прегледи кај матичниот гинеколог. Исто така, имајте ги следните симптоми на ум и ако се соменевате во кој било од нив веднаш обратете се кај вашиот гинеколог за да може навреме да се реагира.

Секоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајници

1. Подуеност – Овој симптом е чест при ПМС, месечен циклус или по богат оброк. Но, доколку се појавува и надвор од наведените ситуации, консултирајте лекар, гастроинтестинолог пред сè, но посетете го и вашиот гинеколог.

2. Грчеви во матката – Често ги припишуваме на ПМС, овулација и месечен циклус и тешко е да се претпостави дека можеби се предизвикани од нешто друго. Но, може да се случи и туморите да предизвикуваат грчеви, речиси идентични на оние пред започнување на месечниот циклус.

3. Болка во грбот – Доколку болката се наоѓа во долниот дел од грбот, не треба да ја игнорираме. Секогаш постои можноста лошо да сме седеле или неудобно да сме спиеле, но ако болката трае, треба да се посети лекар.

Секоја жена треба да ги знае: 6 можни симптоми на рак на јајници

4. Отежнато дишење – За жал, овој симптом се појавува во третата и четвртата фаза на туморите, кога веќе притискаат на другите органи. Доколку често губите воздух и чувствувате досега непознат притисок во телото, веднаш одете на лекар.

5. Се чувствувате сити, а не сте јаделе – Ракот на јајниците брзо се шири во абдоменот, создавајќи течност која притиска на дигестивниот систем и предизвикува лажно чувство на ситост.

6. Изненадно крварење – Доколку краварите меѓу два циклуса или ако сте во менопауза, закажете гинеколошки преглед. Ракот на јајниците е познат по тоа што го зголемува лачењето на естроген, па може да се случат нетипични крвавења.

Сите наведени симптоми можат да укажуваат и на други заболувања, но секако, не смеат да се игнорираат. Овој текст е со информативен карактер и не е наменет за самодијагностицирање. Неопходно е редовно да го следите здравјето на репродуктивниот систем, без разлика на возраста и да се држите до препораките на вашиот гинеколог.

Прочитајте и кои се 6-те работи поради кои вашиот гинеколог никогаш нема да ве осуди.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар