Секогаш иста приказна – Не е до него, до тебе е!

Имате ли чувство дека од запознавање до запознавање, од состанок до состанок, од врска до врска, глумите една иста приказна во која само се менуваат другите ликови, околностите и сценографијата? Свесни сте дека тоа нема никаква врска со вашиот избор на погрешни партнери, такви кои не допреле до вас, кои не ве заинтересирале или не ви ги возвратиле чувствата – бидејќи не е до нив, до вас е. Зошто живеете една иста, досадна, патетична, напорна и лошо режирана трагикомедија? Постојат три клучни работи кои можете самите да ги дефинирате веднаш штом се запрашате: Што не е во ред со мене?

1-sekogash-ista-prikazna-ne-e-do-nego-do-tebe-e-www.kafepauza.mk_

1. Потреба за емотивна исполнетост

Сакате емоциите да ве понесат, да го осетите оној лет кој ве возвишува во небото исто како балон исполнет со хелиум. Сигурни сте дека ова може да го постигнете со вљубувањето. Доволни се само вашите чувства иако тие не мора да бидат возвратени. Бидејќи кога имате некој кој ви служи како предмет за сакање, тој тоа и останува – предмет.

Реалноста на партнерските односи е сосема друга работа – таа вклучува реални луѓе и емоционална интеракција, која не ги исполнува секогаш нашите очекувања, освен во некои моменти, кога ќе се постигне склад и рамнотежа. Емотивната исполнетост не е лет во облаците туку посветеност на реалноста, дури ако тоа е навистина тешко.

2. Настојување секого да го приспособите по ваша мерка

Вие имате свој свет, ваша замисла како треба да изгледа љубовта, како треба да се одвива врската и како да се чувствувате. Но, можете ли да изброите колку луѓе не се вклопиле во вашиот калап? Можеби за вас важна е чистата слобода и целосната одговорност да се практикува таа слобода, но колку луѓе познавате што знаат што е слобода, како да ја применуваат и како притоа добро да се чувствуваат поради неа?

Вашиот партнер има негов свет. Можеби ќе можете да создадете ваш заеднички, но вие секако ќе мора да отстапите од некои ваши стандарди. Можеби вашите стандарди се високи, но да не зборуваме за тоа.

3. Неспремност да се менувате

Зборуваме за неспремноста да се менувате во врската. Да бидете онаа личност која партнерот ја сака, да ги исполнувате неговите емотивни потреби на начинот кој нему му е разбирлив и прифатлив. Зошто да очекувате некој да се менува поради вас ако вие не сте спремни да се менувате поради него? Само затоа што вашите мерки се повредни, а вашите стандарди повисоки?

Видeте, не е до нив. Тие ќе се сменат и ќе остават горчлив вкус на неуспех и фрустрација во вашата уста. Ако за вас, менувањето на своите очекувања и начинот на кој реагирате во врската, значи дека треба да станете полоши, примитивни, да се откажете од своите најважни вредности, тогаш нема ни да се обидите. А очекувате дека резултатот од тоа ваше необидување за чудо ќе биде успешен. Но, ако вам ви досади од истата приказна, обидете се, ризикувајте, не знаете што може да се случи.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар