Сегашноста е подарок

За да користите услуги кои ви се потребни, треба да платите, за да го купите посакуваниот производ треба да имате пари, но за да го искористите сегашниот момент не ви се потребни никакви парични средства. Како да го искористиме сегашниот момент најдобро што можеме?Сегашноста е подарок

Сакајте!

Љубете ја поради тоа што е оригинална, насмеана, весела и поради тоа што и таа ве љуби. Сакајте ја нејзината убавина, таа се труди да биде убава за вас. Дајте ѝ комплимент за нејзиниот изглед, потрошила часови за да ја погледнете со восхит и насмевка. Вреднувајте ја нејзината верност и трудете се да бидете мажот кој таа го заслужува!

Љубете го зошто е силен и подготвен да ве одбрани од сè што ви создава бол и ви влева страв. Затоа што е тука покрај вас со намера да ви ги избрише солзите, а не да ги предизвика. Зошто ви е верен и подготвен во секој момент да го претрча градот само за да ве гушне кога ви е тешко. Ценете го неговиот труд да биде достоен за вас и трудете се да бидете жената која тој ја заслужува!Сегашноста е подарок

Бидете благодарни!

За вашите родители вие сте број еден, секогаш најдобри и секогаш на прво место. Зошто биле способни да створат живот на човечко суштество кое ќе го сакаат повеќе и од самите себе. Бидејќи се секогаш тука за вас, секогаш ви мислат добро и секогаш ја имате нивната поддршка. Зошто родителите се едни од многу ретките личности во вашиот живот кои се подготвени во секој момент да се жртвуваат за вас и да го скратат сопственото задоволство, за вие да го имате она што ви треба. Бидете благодарни што ја чувствувате нивната љубов и заштита.

Вреднувајте и чувствувајте!

Вреднувајте ги убавите утра и пријатните ноќи, почувствувајте го ветрот, оставете сонцето да посегне по вас со своите зраци и дозволете му на дождот да ве намокри. Вреднувајте ги вашите искрени и позитивни пријателства. Убавите спомени и мигови исполнети со среќа и задоволства. Чувствувајте ги благодетите на сè што ве опкружува, сè со што сте благословени, сè што имате сега, во овој момент. Чувствувајте среќа, радост, благодарност, инспирација и надеж, дозволете им да ве водат низ животот.Сегашноста е подарок

Почитувајте!

Почитувајте ги сите оние кои ви прават добро, почитувајте ги оние кои ви посветуваат внимание и оние кои и вас ве третираат со почит. Покажете почит кон оние кои издвојуваат време за вас, оние кои би ви помогнале во секое време. Оние кои ви упатуваат искрена насмевка и ве ценат како личности. Почитувајте го секое добро дело направено за вас и правете добри дела без желба да бидете почитувани поради тоа.

Вдишете го сегашниот момент, со длабок здив апсорбирајте ги задоволсвата што ви ги носи животот и убавите моменти кои сами сте ги створиле, сепак сегашноста е подарок кој треба да се искористи!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар