Себични пријатели: 6 начини да ги разоткриете пред да ве повредат

Доколку сакате да имате одличен социјален живот, тогаш треба да стоите настрана од себичните пријатели. Тие знаат како да носат совршена маска на нивните лица и да оддадат впечаток дека се фини и интересни личности, но самите најдобро знаат дека тоа е далеку од вистината. Прочитајте ги овие 6 предупредувачки знаци дека се дружите со себична личност, која ќе ви донесе повеќе лошо, отколку добро во животот.

Себични пријатели: 6 начини да ги разоткриете пред да ве повредат

Знак #1: Мисли дека заслужува посебен третман

Ваквите пријатели мислат дека треба да бидат третирани на специјален начин, постојано бараат услуги, и мали и големи, дури и ако ве знаат од неодамна.

Знак #2: За овој пријател вие сте ситница

Откако ќе им ја завршите услугата којашто ја побарале од вас, тие едвај ви покажуваат знаци на благодарност, па дури и ако решат да ви се заблагодарат, звучат премногу неискрено. Од друга страна, ако вие побарате услуга од нив, ќе го пронајдат секој можен начин за да се извлечат од ситуацијата и да не го сторат тоа за што сте ги замолиле. На молбата ќе ви одговорат нешто во стилот „ок, ќе те барам подоцна за оваа работа“, но тоа едноставно никогаш не се случува.

Знак #3: Прави лабави договори за средба со вас

Себичните луѓе имаат навика да ви ги откажуваат средбите во последната минута, извлекувајќи се со некои лажни оправдувања и ретко кажувајќи „извини“ или „жал ми е“, бидејќи мислат дека се премногу специјални за да му должат некому извинувања. Кога ќе им се јавите за да ги поканите на кафе-средба, тие внимателно размислуваат за сите други опции кои им стојат на располагање и доколку немаат ништо „попаметно“ да прават, ќе се сретнат со вас. Најчесто ви се јавуваат кога им е здодевно и кога немаат ништо друго испланирано.

Себични пријатели: 6 начини да ги разоткриете пред да ве повредат

Себичниот пријател секогаш одлучува каде сака да оди, па дури потоа ги одбира луѓето кои ќе дојдат со него. Тоа навидум звучи ок, но откако ќе видите дека викнал голем број луѓе, изгледа како да не му е воопшто важно кој ќе дојде со него, туку што ќе прави и кај ќе оди. Со други зборови, излегува со вас само затоа што не сака да го поминува времето сам, а не затоа што му се допаѓа дружбата со вас.

Знак #4: Никогаш не ве запознава со пријателите

Себичниот пријател секогаш ви зборува за неговите пријатели, но никогаш не ве запознава со ниеден од нив и се сретнува со вас само кога е осамен. Оддава впечаток како да се знае со многу голем број луѓе, но кога ќе ги чуете приказните кои ги раскажува, ќе сфатите дека сите негови пријателства се површни.

Многу често излегува со луѓе кои едвај ги познава и многу ретко го гледате со блиски луѓе, но затоа секогаш го слушате како ги потенцира врските што ги има со некои повлијателни луѓе, за да звучи дека е посебен. Но, ако побарате од овој пријател да ве запознае со некој од тие „негови“ луѓе, ќе ви го каже најглупавото оправдување зошто тоа не може да се случи во моментот.

Знак #5: Смета дека сте досадна личност

Никогаш не одвојува време за да чуе кои работи вие ги сметате за убави или интересни. За ваквите луѓе, разговорот претставува само начин да се стекне повеќе и повеќе моќ. Може да изгледа како да ве слуша внимателно, но реалноста е дека едвај чека да затворите уста за да ја преземе контролата во свои раце, повторно!

Така на пример, секојпат кога сакате да споделите нешто од типот „еј знаеш што прочитав на нет денес?“ или „знаеш каде би сакал да патувам оваа есен?“, ја прекинува вашата реченица со нешто од типот „Да, да секако“ или „Аха го знам тоа, ама чекај сега да ти кажам нешто што е навистина интересно“.

На тој начин, овој ваш лажен пријател, сака да го омаловажи сето она што вие сакате да го споделите, како да е небитно, веќе познато или досадно. Што е најтрагично, ова ќе го прави дури и ако зборувате за некое ново научно истражување, за кое никогаш никој не слушнал. Зборувајќи му за нешто вакво можете да тестирате каква личност е. Ако ви каже „Да, да знам“ тогаш ќе знаете со каков лик си имате работа.

Себични пријатели: 6 начини да ги разоткриете пред да ве повредат

Знак #6: Ја крие својата темна страна

Себичната личност знае дека ако се однесува на својот природен начин, никогаш нема да задржи ниту еден пријател. Напротив, на почетокот ќе се однесува како многу љубезна, срдечна и топла личност. Ќе се прави дека е заинтересиран за вашиот живот и внимателно ќе ве слуша додека зборувате. Потоа ќе почне полека да се повлекува од вашиот живот, за на крај да почне да се појавува само кога му треба нешто. Постојано отвора секаков вид теми на разговор и навидум звучи како да е љубопитна, интересна личност со широко отворен ум кон светот. Но, кога подобро ќе го запознаете имате чувство дека во реалноста не е вистински заинтересиран за ништо од сето тоа, туку дека е празна личност. Тој или таа е како црна дупка, човек од кој не можете да очекувате љубов, бидејќи умее само да ја цица од другите, а не да ја дава.

Бонус совет: Најопасниот трик го чува во ракавот

Најопасниот трик на ваквата личност се состои во неговата манипулативна страна. Тој или таа сака да создаде конфузија во вашата глава и да направи да се посомневате во вашите вредности како пријател. Сака да мислите дека не сте доволно кул и дека треба повеќе да се потрудите. Практикува еден вид одбивност кон вас, која постојано ви ја сервира во мали дози. Никогаш не треба да потпаѓате под влијание на ваквите луѓе. Напротив, доколку кај некој пријател ги забележите овие знаци на себичност, треба да продолжите понатаму во животот без нив и да се дружите само со оние луѓе кои сакаат искрено да поминуваат време со вас, а не за да извлечат некаква полза од вас.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Љубопитна новинарка со истражувачки дух, во вечна потрага по доза креативност. Животно мото ѝ е дека без утринско кафе, без испеана песна и без малку возбуда не треба да ѝ помине ниту еден ден. Се релаксира со фина музика, длабок филм или прошетка во природа во добро друштво. Верува дека добриот совет и астрологијата ѝ помагаат да се разбере себеси и светот околу неа. Неостварен сон - да го прошета светот.

Поврзани содржини

Остави коментар