Сè што не научивме досега…

Многу работи учиме секој ден, од книгите, од филмовите, од пријателите. Сепак, некои работи и понатаму забораваме да ги правиме како што знаеме дека треба за да се чувствуваме подобро и да направиме и другите да се чувствуваат така. Овој пат, да не дозволиме да ни се лизнат низ прсти. Да запомниме и повториме што е важно во животот…

Сè што не научивме досега...

1. Следачите на Твитер не ја прават постелата ПОТОПЛА.

2. Може и да се ужива во ГЛАДОТ.

3. На луѓето кои ти помогнале, врати им трипати повеќе, но помогни им и на оние кои никогаш не ти помогнале бидејќи НЕ МОЖАТ.

4. Кога би знаел/а дека болката е ПРИВРЕМЕНА, тоа би ги променило сите твои одлуки.

5. Грдоста е само НА ЧЕКОР до убавината.

6. Запознај ги СОСЕДИТЕ.

7. Не сфаќај ги работите лично, НИКОГАШ!

8. Кажувај НЕ на работи за кои не ти е грижа.

9. Биди како ИСУС, не како неговите следбеници.

10. Кога им се посветуваш на малите проблеми, НЕИЗБЕЖНО стануваат големи.

11. Облекувај се како ПОКУЛ верзија од себеси.

12. Најди начин да го измамиш системот, само НЕ ГИ МАМИ луѓето.

13. Кога си на вечера со многу богати луѓе, ТИ плати ја сметката.

14. Сите се чувствуваат како да не се доволно добри. НЕ СИ САМО ТИ.

15. Храброста е ВЕШТИНА која се учи.

16. Одејќи кон непознатото е начин ДА ГО ПРОШИРИШ она што ти е познато.

17. Поминувај време со луѓе кои истовремено те почитуваат и ТЕ ПРЕДИЗВИКУВААТ.

18. Остани СКЕПТИЧЕН/НА засекогаш.

19. Прифаќај го напуштањето, дури и на делови од ТВОЈОТ ИДЕНТИТЕТ.

20. Преживувај со малку само за да докажеш дека е МОЖНО.

21. Читај биографии. Тоа е како да добиваш пристап до најдобрите МЕНТОРИ во историјата.

22. За сè постои начин кој ФУНКЦИОНИРА. Пронајди го.

23. Никогаш не дозволувај некој ДА ФОТОШОПИРА твоја слика. Тоа создава лажно чувство на самодоверба.

24. НАВИКНИ СЕ да се чувствуваш глупаво. Тоа е дел од развојот.

25. Заплашувај се себеси секој ден по малку. Тоа ќе ја зголеми твојата ВНАТРЕШНА МАПА.

26. Лесно им е на луѓето да зборуваат паметно, но наместо да ги слушаш, ГЛЕДАЈ како се однесуваат.

27. Читај повеќе, особено дела со кои НЕ СЕ СОГЛАСУВАШ.

28. Успеј во нешто додека си МЛАД/А. Тоа ќе ти помогне да си ја изградиш самодовербата за поголеми работи во иднина.

29. Прави така КАКО ШТО ЌЕ КАЖЕШ. Денес сè поретко има луѓе на кои може да се потпреме.

30. Најдобрите разговори се прават седејќи ЕДЕН ДО ДРУГ, не еден спроти друг.

31. Прави ги работите пократки или подолги одошто БИ ТРЕБАЛО.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар