Сѐ се случува со причина: 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот

Сѐ се случува со причина: 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот

Целиот наш живот го поминуваме барајќи го човекот кој ќе нѐ надополни и исполни. Честопати луѓето го мешаат копнежот по внатрешен мир и баланс со потребата од вистинска љубов. Иако тие две нешта се поврзани, нема да ви биде доволно доколку го најдете само едното од нив. Најпрво, мора да најдете рамнотежа и мир во самите себе со тоа што сами ќе си го одредите животниот пат. Кога ќе го започнете вашето патување, ќе привлечете личност со слични интереси. Поединците кои имаат слични животни патишта и судбини се сметаат за сродни души.

Сѐ се случува со причина: 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот

Врската помеѓу сродните души се остварува уште пред нејзината физичка манифестација. Судбините на двајца луѓе се испреплетуваат. Честопати, тие го чуваат клучот за меѓусебната психичка, духовна и физичка еволуција. Некои сродни души не се љубовни партнери и може да имате повеќе од една сродна душа во текот на животот. Без разлика дали искуството ќе биде добро или лошо, со сигурност ќе ви го смени животот.

Сродните души се две души од истата душевна група. Тоа значи дека пред настанокот на светот и пред падот на физичките димензии, овие две души биле едно. Сродните души се сретнале во повеќе животи и поврзани се една со друга преку кармата и судбината. Кога овие души ќе остварат хармонија со самите себе, една со друга и со нивната судбина, ќе дознаат дека нивната цел во животот е да направат промена и да го поттикнат зголемувањето на универзалната свест.

Близначките пламени се одраз на спротивностите на душата. Тоа значи дека во спиритуалното и физичкото кралство, вашиот близначки пламен е одраз на дуализмот на вашата душа. Како што веќе споменавме, една личност може да има повеќе сродни души, но постојат и различни типови сродни души.

Кармички и космички сродни души

Кармичката сродна душа е човек кој ќе ве научи на некоја недовршена лекција и ќе ја балансира вашата карма. Ќе има моменти во врската кога таа ќе стане турбулентна и нестабилна, но сѐ уште ќе ја чувствувате силната поврзаност со сродната душа. Оваа врска ќе предизвика големи животни промени кај луѓето што ќе ја доживеат.

Врската со космичката сродна душа ќе се оствари веднаш. Ќе чувствувате како да се познавате цел живот. Разговорите ќе течат и нештата ќе се одвиваат природно. Ќе имате слични животни патишта со вашата космичка сродна душа и таа ќе се појави многу неочекувано во вашиот живот. Ќе забележите дека постои многу силна психичка поврзаност помеѓу вас. Најверојатно ќе има некаква врска со 11:11 во вашите родендени, денот кога сте се запознале и други значајни нумеролошки ситуации. Кога ќе разговарате или кога ќе бидете во близина на вашата сродна душа, ќе ви се јавува чувство на исполнетост и единство со таа личност. Може да доживеете ненадеен мир и спокој однатре. Тоа е така затоа што вашата сродна душа ви ги исцелува емоционалните и психичките рани од минатото.

Сѐ се случува со причина: 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот

И двата типа сродни души се појавуваат со причина

Кармичката сродна душа се појавува за да ве зајакне и да ве поттикне на сериозна самоанализа. Можеби ќе го извлече најлошото од вас, но тоа е всушност емоционална детоксикација. На тој начин, таа ќе ви помогне добро да се спознаете и да станете свесни за вашите потсвесни емоционални отрови. Ваша одлука е дали ќе ги поправите или не.

Ако решите да ги поправите, ќе го започнете патувањето кон вистинското просветлување и духовна исполнетост. Космичката сродна душа се јавува како реакција на кармичката сродна душа и ви ги дава лекот и топлината што ви требаат за да созреете по страдањето предизвикано од насилната детоксикација Овие луѓе се појавуваат во нашиот живот не само за да нѐ излечат, туку и за да нѐ доближат до нашето вистинско „јас“.

Тие ни помагаат да ги победиме нашите лични демони и ни даваат поддршка за време на борбата. Тие исто така ни помагаат во процесот на личното и духовно возвишување. Главната разлика помеѓу двете сродни души е таа што кармичката сродна душа на некој начин се плаши да ги оствари духовните врски што се потребни за да се оствари конекцијата помеѓу сродните души. Од друга страна, пак, космичката сродна душа е подготвена да го направи тоа.

Како да ја привлечете вашата сродна душа?

Постојат многу начини на кои можете да ја привлечете вашата сродна душа преку медитации, ритуали, вежби, свеќи и бои на облека, но најважниот дел од целиот процес е да станете целосни однатре. Најдете го вашиот внатрешен мир и баланс и тоа ќе се одрази во вашите врски. Прочитајте ги следниве совети што ќе ви помогнат да ја привлечете сродната душа, кога ќе бидете подготвени за тоа:

  • Бои што треба да ги користите (преку облеката или свеќите што ги палите): Розова, сина, виолетова и зелена. Овие бои зрачат на повисока фреквенција и ќе ви помогнат да го подготвите вашиот дух за средбата со сродната душа.
  • Смислувајте љубовни афирмации со вашиот сопствени зборови за да го репрограмирате вашиот ум на таков начин што ќе може да прифати љубов.
  • Прочистете ја вашата срцева чакра. Ова може да го направите преку медитација, јога или мантри.
  • Направете искрена самоанализа и стремете се кон личен напредок.

Сѐ се случува со причина: 2-те космички врски што ќе ги остварите во животот

Знаци дека сте ја сретнале вашата сродна душа

  • Поврзаност со 11:11.
  • Телепатска поврзаност. На пример, вие мислите на таа личност и таа ви се јавува на телефон во истиот момент или правите и кажувате работи истовремено.
  • Сте имале многу слични животни искуства.
  • И двајцата сте подготвени да остварите духовна врска.
  • Чувствувате дека врската тече природно.
  • И двајцата се прифаќате такви какви што сте.
  • Гледате да одбегнувате непотребни конфликти.
  • Ќе станете повеќе од „љубовници“. Може да станете пријатели, бизнис партнери и слично.
  • Откако ќе започнете врска, ќе забележите драматичен развој и напредок во животот.

Важно е да се спомене дека сродните души и близначките пламени не се ограничуваат само на љубовните врски. Може да се работи за семејни врски, пријатели, а понекогаш дури и непријатели, бидејќи сите овие врски имаат своја цел.

Целта на врската помеѓу сродните души е да им помогне на разделените души да се обединат повторно. На тој начин ќе се обедините и со космичката универзална енергија што тече низ сите нас. Преку нашата способност за обединување, ние имаме можност да ја покажеме божественоста што зрачи однатре.

Во продолжение прочитајте што се случува кога ќе го сретнете вашиот духовен близнак.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар