Сѐ е во пар: Еве како ќе се носи накитот во новата есенска сезона

Кога станува збор за модата, фантазијата е веќе истрошена и скоро сите можности се искористени, па затоа не ни преостанува останува ништо друго освен да рециклираме и да надградуваме, да додаваме нови елементи, материјали, бои и принтови за да го освежиме она што веќе постои. Сличен случај нè чека и оваа есен кога е накитот во прашање. Сѐ е во пар и навистина изгледа доста интересно и занимливо.

1-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

Откако Гаија Репоси ги претстави дијамантските алки во пар, од која една се наоѓа високо на увото, сите станаа опседнати со тој тренд. Некои дами дури направија друго дупче на соодветно место на увото за да може да ги носат. Други пак, сепак ги искористиле дуплите дупчиња на ресичката и трендот го изнеле на малку поразличен начин.

2-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

Приказната не се завршува со обетките. Истото правило важи и за идентични големи бразлетни кои ги красат двата рачни зглоба. Зошто да купите една кога двете ќе бидат многу повпечатливи? Моделите навистина мора да бидат забележливи и големи за трендот да биде исполнет.

3-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

4-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

Понатаму, приказната нè води до глуждовите. Се сеќавате дека некогаш се носеа бразлетни на нозете? Некако потполно заборавивме на оваа опција, пред сѐ затоа што не ни се допаѓаа многу. Сега овие бразлетни доаѓаат во пар. Сјајно се комбинираат со сандали и папучи и мораме да признаеме, изгледаат добро.

5-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

6-sѐ-e-vo-par-eve-kako-e-se-nosi-nakitot-vo-novata-sezona-www.kafepauza.mk_

Дали ќе го испробате овој тренд? Впечатлив е, соодветен и доста пристапен, па зошто да не?

Бидејќи овој тренд бара добро осмислување и комбинирање, ви препорачуваме да погледнете како да комбинирате повеќе парчиња накит одендаш.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар