Самите го создавате впечатокот за себе: Со помош на овие 5 совети ќе им се допаднете на луѓето за само 90 секунди

Самите го создавате впечатокот за себе: Со помош на овие 5 совети ќе им се допаднете на луѓето за само 90 секунди

Претставувањето трае само неколку секунди, а тоа е доволно за да создадеме впечаток и потоа истиот да го носиме со себе. Обрнете внимание на овие мали техники и добриот впечаток е загарантитран. „Првото и основно правило е, ако сакате да им се допаднете на другите, бидете отворени, без предрасуди и заблуди“, советува Николас Бутмен. Тој во книгата „Како да им се допаднете на луѓето за 90 секунди и помалку“ открива што сѐ влијае на првиот впечаток и како самите можеме да влијаеме на мислењето на другите за нас.

1-samite-go-sozdavate-vpechatokot-za-sebe-so-pomosh-na-ovie-5-chekori-kje-im-se-dopadnete-na-lugjeto-za-90-sekundi-www.kafepazua.mk_

Прв чекор: Бидете отворени

Многу е важно во секоја комуникација да влегувате со отворени срце и став. Немојте да ги прекрстите рацете, а ако имате јакна или сако, откопчајте ги. Многу е важно да бидете позитивни кон новите луѓе. Кога се поздравувате или се претставувате, Бутман советува да го освестите тоа чувство на позитивност.

Втор чекор: Остварете контакт со очите

Секој треба да поттикне контакт со очите, бидејќи во нив се гледа позитивниот став кон новите личности. Во комбинација со насмевка, првиот контакт остварен и со очите, другите луѓе ќе го доживеат како попозитивен и поотворен отколку без него.

Трет чекор: Зрачете со позитивност

Бутмен советува дека е добро да бидете првите што ќе се насмевнат или ќе остварат контакт. На тој начин испраќате порака дека сте искрени. Истражувачите на социјалните вештини и комуникации велат дека ако се смеете и имате отворен став кон луѓето додека се запознавате, тие ќе ве запомнат во среќен контекст и дека подобро ќе се сеќаваат на вас.

2-samite-go-sozdavate-vpechatokot-za-sebe-so-pomosh-na-ovie-5-chekori-kje-im-se-dopadnete-na-lugjeto-za-90-sekundi-www.kafepazua.mk_

Четврт чекор: Поздравете ги другите со искрена насмевка

Без разлика како поздравувате некого, важно е во поздравот да внесете позитивна енергија и насмевка. На тој начин на личноста ѝ давате впечаток дека сте среќни што се запознавате. Исто така, при ракувањето важно е да се ракувате цврсто. Кога некој ќе ви се претстави, добро е да го повторите името. На тој начин полесно ќе го запомните, но и ќе оставите цврст позитивен впечаток. Во случај да запознавате повеќе луѓе одеднаш, не треба да се ракувате со секого, но важно е со сите да ги споделите останатите знаци на запознавање – контакт со очите, насмевка и повторување на поздравот со името.

Петти чекор: „Влезете“ во ракувањето

Кај запознавањето нови луѓе, обидете се да се опуштите. Кога ќе ја подадете раката за ракување, обидете се и со целото тело да „влезете“ во ракувањето. Доволно е со отворено тело лесно да се доближите кога ќе ја пружите раката да се ракувате.

Мислите дека 90 секунди е предолго? Прочитајте и како да оставите добар прв впечаток за само 9 секунди!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар