Сакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!

Летото е на прагот и сите сакаме да го пречекаме во топ форма. Кој не сака да има рамен стомак?! Но, мора да признаеме дека стомачните вежби се тешки и по малку здодевни, па затоа многу брзо се откажуваме од нив. Добрите вести се што можете да ги замените монотоните вежби за стомак со многу позабавна рекреација од која целото ваше тело ќе има значителни придобивки. Станува збор за скокањето на јаже!

Сакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!

Оваа омилена игра од детството претставува совршена вежба за човечкото тело, барем така тврди поранешниот боксер и фитнес тренер Мајкл Олаџиде Џуниор, чии тренинзи секојдневно ги практикува прекрасната Адријана Лима.

„За време на скокањето на јаже, се случуваат многу работи одеднаш: Работат рефлексите, координацијата, концентрацијата, брзината и тоа претставува одлична кардио вежба. Станува збор за физичка активност што можете да ја изведувате на исто ниво како и професионалните спортисти и да постигнете исти резултати“, објаснува тренерот.

Активноста е слична со трчањето, но Олаџиде сепак му дава предност на скокањето на јаже.

Сакате рамен стомак за кратко време? Оваа физичка активност ќе ви помогне да постигнете одлични резултати!

„Скокањето на јаже е поефективно од трчањето, иако и трчањето е фантастично. Подобро е од возењето велосипед, пливањето, танцувањето… Согорува повеќе калории, активира повеќе мускулни групи, го стимулира мозокот и лачењето на ендорфинот, па затоа на крајот го дава она прекрасно чувство на исполнетост. Освен тоа, сето ова можете да го добиете за третина од времето што ви е потребно за кои било други физички вежби“, тврди Олаџиде.

Скокањето на јаже го зајакнува срцето, рамената, рацете, градите, колената и секако целиот среден дел од телото. Првите резултати ќе бидат видливи токму на стомачните мускули.

За почеток, најдобро е овој вид вежбање да го комбинирате со вашата досегашна фитнес рутина. Олаџиде советува да правите 10 прескокнувања, па 10 секунди пауза и сѐ така до крајот на вашата омилена песна, односно 3 или 4 минути. Вреди да се обидете, се согласувате?

Во продолжение дознајте како да добиете рамен стомак за само две недели.

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар