Сакате нешто здраво? Салатата е одличен избор, но дали знаете кои се најдобрите и најлошите состојки за неа?

Иако салатата важи за едно од најздравите јадења кои може да ги имаме во текот на денот, особено во летниот период, многу лесно може да се случи таа да се претвори од потполно здрав оброк во нездрав. Во што е тајната? Токму во состојките кои се наоѓаат во неа, на кои треба да внимавате. Денес ви ги откриваме најдобрите, но и најлошите состојки за вашата салата.

1-sakate-neshto-zdravo-salatata-e-odlichen-izbor-no-dali-znaete-koi-se-najdobrite-i-najloshite-sostojki-za-nea-www.kafepauza.mk_

Најдобри состојки за вашата салата

Кога станува збор за најдобрите состојки за салата, тука дефинитивно се вбројува крцкавиот зеленчук, бидејќи тој може брз да ве засити, но исто така е доволно вкусен за потполно да уживате во она што го јадете. Тука секако се вклучува и зеленчукот кој е богат со витамини и влакна, како што се: краставицата, целерот, доматот, кељот, марулата и зелената пиперка.

Меѓутоа тука не е крајот кога зборуваме за здравите состојки, бидејќи освен зеленчукот, во неа може да се додадат разни видови месо, како на пример, пилешки крилца, туна, бела риба, но и жолчки, бидејќи се многу здрави за нашите мускули, а со тоа и за нашиот организам.

2-sakate-neshto-zdravo-salatata-e-odlichen-izbor-no-dali-znaete-koi-se-najdobrite-i-najloshite-sostojki-za-nea-www.kafepauza.mk_

Најлоши состојки за вашата салата

Често ни се случува, покрај здравите состојки, во салатата да додадеме и состојки кои се богати со калории, па со тоа се уништува ефектот на здравиот оброк. Најчесто станува збор за исклучително масни и солени состојки, кои дури и во мали количини може да имаат голем негативен ефект во однос на здравиот зеленчук кој доминира. Тоа може да бидат различни преливи и сосови, но на листата на нездрави состојки се наоѓаат и разните стапчиња и тортиљи, прженото пилешко, кубетите, сушеното овошје, сланината, како и слаткиот зеленчук, како што е случајот со пченката.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар