Сакате да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка? Кога тоа е во ред, а кога не треба ниту да помислите?

Секогаш е погрешно да започнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, така? Тоа е како еден вид женско правило. Но, сè зависи од тоа како вашата другарка гледа на целата таа ситуација. Ако ја повреди, дали ќе вреди да започнете нешто со него? Запомнете, не правете нешто поради што ќе ја изгубите вашата другарка. Во кои ситуации е дозволено да почнете да излегувате со бившиот на вашата другарка, а во кои не смеете ниту да помислите на тоа?

1-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_

Може да започнете да излегувате со него кога:

1. Тој е нејзин стар партнер за кој таа воопшто не размислува. Ако нивната врска завршила пред неколку години, а вашата другарка продолжила понатаму, тогаш дадете му шанса. Таа го преболила. Вие бевте доволно добра пријателка и ги држевте вашите чувствата за него потиснати во себе.

2. Тоа било раскинување без премногу емоции. Раскинувањата не се секогаш лоши. Понекогаш и двајцата партнери се согласуваат дека нивната врска воопшто не оди, па заеднички се одлучуваат на тој чекор. Раскинувањето поминало без премногу емоции, па таа воопшто нема да ви замери. Само осигурајте се дека таа воопшто не е заинтересирана за него.

3. Тие се другари. Ова е идеална ситуација. Раскинувањето поминало во најдобар ред и тие се сега другари. Тие се среќни што продолжиле да излегуваат со други луѓе, а притоа воопшто не се лутат. Слободно поканете го да излезете.

4. Ако сте ја прашале дали е во ред да излезете со него и таа ви рекла „да“. Ако не сте сигурни како таа ќе реагира на тоа – прашајте ја. Можеби на почетокот ќе реагира бурно, но потоа ќе биде во ред со тоа. Сè додека ги почитувате нејзините желби нема да ја изгубите како другарка, но најбитно, ќе знаете дали за неа ќе биде во ред да започнете да излегувате со нејзиниот бивш.

5. Таа продолжила понатаму во среќна врска. Дали вашата пријателка е во среќна, сериозна врска? Знаете што значи тоа? Вие имате зелено светло ако сакате да започнете да излегувате со нејзиниот бивш. Таа продолжила и е среќна. Ако таа е ваша другарка сигурно ќе сака и вие да бидете среќни како неа.

6. Вие го сакате него повеќе отколку неа. Запрашајте се како навистина се чувствувате. Дали го сакате него повеќе отколку што ја сакате неа? Ако започнете да излегувате со него, може да го загубите вашето пријателство засекогаш. Но, понекогаш срцето го сака она што го сака.

7. Таа врска никогаш не била сериозна. Дали таа врска траела неколку недели? Дали била официјална? Тоа никогаш не било сериозна врска и не завршила премногу драматично, па очигледно е дека таа воопшто нема да се грижи за него. Тоа нема да ѝ значи ништо.

2-sakate-da-zapochnete-da-izleguvate-so-bivshiot-na-vashata-drugarka-koga-toa-e-vo-red-a-koga-ne-treba-nitu-da-pomislite-www.kafepauza.mk_

Не помислувајте да излезете со него кога:

1. Ако раскинувањето било драматично. Ако ова е точно, не помислувајте да започнете да излегувате со него. Шансите да ја разлутите ако го направите тоа се многу големи. Едноставно не вреди да ја ставите во ситуација да мора да го поднесува тоа. Ако ништо друго, почекајте да го преболи.

2. Сè уште не го заборавила. Почитувајте ја и дајте ѝ време за да го заборави. Ако започнете да излегувате со него, тоа само ќе ја повреди. Дали навистина сакате да ѝ го направите тоа? Не е во ред да започнете да се гледате со него ако таа сè уште има чувства кон него.

3. Таа се вознемирува кога ќе го спомнете. Пробајте да го изговорите неговото име и забележете како таа ќе реагира. Дали таа се вознемирува или започнува да плаче? Дали е лута? Дали нејзините рани сè уште се отворени? Ако почнете да излегувате со него само ќе додадете сол на нејзината рана. Дајте ѝ време. Не ја измачувајте така што во нејзината околина повторно ќе го вратите момчето за кое таа сè уште има чувства.

4. Тој ја изневерил. Не е важно колку многу го сакате него. НЕ ЗАПОЧНУВЈТЕ ДА ИЗЛЕГУВАТЕ СО НЕГО. Ако тој ја изневерил неа, најверојатно тоа ќе ви се случи и вам. Ова не значи дека не ја почитувате вашата другарка, туку значи дека не се почитувате самите себе. Момците кои изневеруваат не заслужуваат да ги ставите пред вашата другарка. Вашата врска ќе заврши во истиот момент кога ќе дознаете дека ве изневерил. Тој никогаш нема да биде само ваш. Не губете ја вашата другарка поради него.

5. Кога ја прашавте таа изреагира бесно. Кога ја прашавте дали тоа ќе биде во ред, дали таа изреагира бесно? Дали е потребно да ви кажеме што значи ова? Послушајте ја. Таа не се согласува со ова. Заборавете на него.

6. Кога ја сакате неа повеќе отколку него. Дали вашето пријателство ви е поважно од некое момче? Дали сте навистина сигурни дека тој е вистинскиот? Ако ја сакате вашата другарка многу повеќе отколку нејзиниот бивш, тогаш направете го најдоброто и пронајдете некој друг. Момците доаѓаат и заминуваат, но пријателствата остануваат вечно.

7. Штотуку раскинале. Најверојатно вие бевте заљубени во него додека тие сè уште беа заедно. Можеби ќе можете да започнете да излегувате со него, но не сега. Никогаш, под никакви околности, не помислувајте да започнете да излегувате со момчето на вашата другарка веднаш по нивното раскинување. Дури и да било „лесно“ раскинување. Почекајте. Ако започнете веднаш, таа секогаш ќе се запрашува дали вие сте сакале да го украдете нејзиното момче.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар