Сакате да останете во брак само за децата? Најпрво одговорете на овие 4 прашања!

Кога ќе почнете да размислувате за развод, прашањето „Дали да останам или да заминам?“ може да биде поприлично комплицирано, особено ако се вмешани и деца. Многу мајки се одлучуваат да останат во брак до одредена возраст на детето, но Ребека Хендрикс, семеен терапевт од Њујорк, вели дека честопати тоа и не е најдоброто решение, бидејќи може да ја направи ситуацијата уште полоша. Таа смета дека пред да се одлучите за каков било чекор, треба да одговорите на овие четири прашања.

1-sakata-da-ostanete-vo-brakot-zaradi-decata-najprvo-odgovorete-na-ovie-4-prashanja-www.kafepauza.mk_

1. Дали сте добар пример за љубовна врска?

Вие и вашиот сопруг сте главни примери на вашето дете. Тоа значи дека ако константно се карате, покажувате лошо однесување во врската. Ако љубовта е прикажувана како болка, вашето дете може да израсне верувајќи дека е подобро да избегнува вистински, сериозни врски, бидејќи не сака да го доживее она што се случувало со мама и тато.

2. Дали стресот од бракот ви влијае на родителските вештини?

Ако фактот што немате партнер на кој можете да се потпрете ви предизвикува стрес и ве прави лути, детето ќе го почувствува тоа. Иако разводот е тажен и застрашувачки, исто така може да донесе емоционално олеснување за целото семејство. Во оваа ситуација, среќата се заменува со хронична тензија.

2-sakata-da-ostanete-vo-brakot-zaradi-decata-najprvo-odgovorete-na-ovie-4-prashanja-www.kafepauza.mk_

3. Што всушност чекате?

Сосема е нормално да сакате да почекате детето да заврши со градинката или можеби со факултетот пред да се разделите, но запрашајте се зошто мислите дека тоа би било подобро? Дали чекате децата да почнат да одат во училиште за да тргнете повторно на работа или чекате да го завршат средното училиште, биејќи мислите дека разводот во тој момент би го вознемирило детето? Пресметајте колку би ве чинело да се разделите сега во однос на тоа да чекате уште колку знае години. Обидете се да го видите разводот и сите негови последици низ детските очи, а би можеле околу тоа да се посоветувате и со професионалец.

4. Како продолжувањето на бракот ќе влијае на децата?

„Ако менталното или физичкото здравје на вашето дете е во опасност, тогаш треба да заминете“, вели Хендрикс.

Ако не знаете како да се изборите со тоа, побарајте помош од терапевт кој има искуство со деца. Причините за останување не треба да надвладеат во однос на хроничниот стрес кој е предизвикан од лош брак.

Разводот може да биде подеднакво стресен како за брачните партнери, така и за децата. Еве како да ги заштитите децата за време и по разводот.

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар