Сакате да ја најдете сродната душа? Прво откријте во која од овие 4 категории спаѓате…

Ако се прашувате како да ја пронајдете вашата сродна душа, потребно е прво да разберете во која категорија спаѓате. На пример, некои луѓе ги привлекуваат личности со исти интереси. Други пак сакаат личности што се сосема спротивни на нив. Во теорија би требало да постои „формула“ која би ви помогнала да ја најдете вашата сродна душа, но дали навистина има нешто такво?

Сакате да ја најдете сродната душа? Прво откријте во која од овие 4 категории спаѓате...

Вашиот тип на личност одредува дали ве привлекуваат луѓе кои се исти или различни од вас. Според хемијата на мозокот, постојат 4 типови кои влијаат на нашето однесување и размислување.

  • Допамин: Креативни, енергични, спонтани, преземаат ризици.
  • Серотонин: Традиционални, лојални, следат правила.
  • Тестостерон: Аналитичари, логичари, одлучни.
  • Естроген: Грижливи, интуитивни, добри социјални вештини.

Според еден тест на личноста спроведен од страна на Chemistry во кој учествувале 14 милиони луѓе од над 40 држави, се покажало дека вашиот тип на личност одредува какви луѓе ќе ве привлекуваат.

Луѓето во групата серотонин и допамин се привлекувани од личности кои наликуваат на нив. Односно луѓе кои ризикуваат сакаат луѓе кои ризикуваат. Луѓето кои ги сакаат традициите се привлечени од личности со истата особина.

На луѓето во групите тестостерон и допамин како да им е потребна личност целосно спротивна на нив. Најверојатно за да се воспостави рамнотежа.

Па, како да ја искористите оваа информација за да ја пронајдете својата сродна душа? Многу едноставно – гледајте ги романтичните врски како танц. Еден од партнерите мора да го води танцот, но другиот треба да може да го следи. Луѓето постојано и несвесно се обидуваат да пронајдат партнер кој ќе „танцува“ со нив, некој кој како да бил создаден за тоа. За некои луѓе ова значи безгрижен и спонтан партнер како тие самите, за други тоа значи грижлив партнер. На крај, за секоја личност има некого. Понекогаш е потребно само да забавите за навистина да откриете кој е тоа.

Дали знаете кои се разликите помеѓу сродна душа и животен партнер?

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар