Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Ако сакате да го подобрите вашиот изглед и впечатокот што го оставите, тогаш дефинитивно сте на правилното место. Кога не работи со своите славни клиентки, Лупита Нјонг, Џенифер Хадсон и Хилари Свонк, стилистката за ѕвезди, Микаела Ерлангер, ја води својата позната колумна „Ask a Stylist“ за веб-сајтот „Who What Wear“.

(0) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

„Една од предностите на мојата работа (добро, можеби и најдобриот дел од мојата работа) е да им помогнам на клиентите да изгледаат и да се чувствуваат најдобро што можат. Низ сите овие години како стилистка, научив неколку трикови за кои мислам дека секоја жена треба да ги знае. Без разлика дали се подготвувате за излегување или пак, сакате да изгледате самоуверено, токму овие парчиња облека треба да ги користите“, вели таа.

Во продолжение откријте ја за кои 5 парчиња облека станува збор…

1. Едноставен фустан

(1) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Не можете да згрешите со едноставниот фустан. Без разлика дали станува збор за свилен тесен фустан или модел со долги ракави, тој ќе ѝ ласка на вашата фигура со едноставната силуета.

2. Сè што е затегнато околу струкот

(2) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Сè што може да се затегне околу струкот ќе биде полн погодок. На тој начин ќе го нагласите вашиот струк, но и ќе ја истакнете вашата женствена фигура.

3. Црвена боја

(3) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Иако црвената боја може да се чини застрашувачко, науката ги потврдила тврдењата дека таа секогаш остава впечаток на самоуверена и атрактивна личност.

4. Облека што ја открива вашата клучна коска

(4) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Откривањето на клучната коска и рамената е многу женствено и жено, но истовремено и секси. Откривањето на овој дел од телото е елегантна алтернатива на длабоко деколте и откриени нозе.

5. Каиш

(5) Сакате да изгледате поатрактивно? 5 модни трикови што ќе ви помогнат во оваа цел

Најдобриот трик за дефинирање на вашиот струк е каишот. Без разлика каков модел ќе одберете, никогаш не можете да згрешите со овој моден додаток.

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Отсекогаш многу ја интересирала астрономијата и физиката, а животно мото ѝ е дека не смее да помине ни еден ден без танцување. Автор на книгата „На работ од времето“, првиот дел од трилогијата „Наследството на Вероника“.

Поврзани содржини

Остави коментар