Сѐ што е потребно да знаете доколку сте љубител на сувите шампони

Во моментот кога се појави сувиот шампон, тој стана вистинско решение за бројните проблеми со кои секоја жена секојдневно се соочува. Сите оние нервозни утра, бидејќи не знаете што да направите со вашата мрсна коса, а немате време да ја измиете и да ја средувате, исчезнаа благодарение на овој производ. Но, како што користењето на производите во големи количини доведува до презаситување, така е и со сувиот шампон, па треба да водите сметка за тоа како и колку често го користите.

1-sѐ-shto-e-potrebno-da-znaete-dokolku-ste-ljubitel-na-suvite-shamponi-www.kafepauza.mk_

1. Како што се случува користењето на вашиот обичен шампон кој ѝ одговара на вашата коса одеднаш да стане производ кој повеќе не ѝ одговара, истото може да се случи и со сувиот шампон. Тој е првенствено осмислен да се користи во ситуациите кога е навистина потребно, како на пример, кога треба да одите некаде, а немате време да ја средите косата, па користите сув шампон за да направите таа да изгледа чисто и да има волумен. Меѓутоа, многумина го користат повеќе отколку што е потребно, скоро секојдневно, токму заради тоа што влијае на зголемувањето на волуменот на косата и со тоа прават голема грешка бидејќи си создаваат ризик косата едноставно да го отрфрли.

2. Иако е тука да ги апсорбира маслата од косата и кожата на главата, за косата да изгледа свежо измиено, сувиот шампон и понатаму е производ кој служи за стилизирање, па кога нема добро да се измие од влакната, а уште поважно од скалпот, таложењето доведува до одредени проблеми од естетска природа, но и промена на самата кожа.

2-sѐ-shto-e-potrebno-da-znaete-dokolku-ste-ljubitel-na-suvite-shamponi-www.kafepauza.mk_

3. Честа е појавата после долго, зачестено користење на овој производ да се појави првут кој е секако најмалку пожелен. Ова се случува заради тоа што слоевите на сув шампон се таложат на влакната и на кожата, а обичното миење со шампон не е доволно за честичките целосно да се отстранат, па се јавува лупење на самиот производ кој подолго време се задржал на влакната. Најдоброто решение за овој проблем е да се користат суви шампони со ситни честички кои функционираат како пилинг, но и еднаш неделно да се прави пилинг на кожата на главата и да се измасира за целосно да се отстранат наслагите.

4. Освен првутот, долгорочното и секојдневно користење сув шампон може да влијае и на квалитетот на влакната. Влакното започнува да пука, да станува послабо и потенко, бидејќи во секој од овие производи се наоѓаат доста хемиски супстанци кои после долготрајната употреба доведува до несакани појави, за што повторно решението е пилинг кој ги отстранува слоевите кои се таложат, а кои е потешко да се отстранат со вода и шампон. Често се случува и кожата на главата да станува посува, па потребно е понекогаш да ја третирате со производи кои ја негуваат и ја хидрираат кожата на главата, како и самата коса.

Доколку не можете да пронајдете соодветен сув шампон за вашата коса, погледнете како да си направите сув шампон за светла и за темна коса?

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар