Руска приказна на Модната недела во Скопје

Благородништво, нежност и авангардност! Овие епитети се инспирацијата за новата модна колекција на докажаната македонска дизајнерка со несекојдневен вкус Олгица Ѓоргиева.Руска приказна на Модната недела во СкопјеНејзината нова колекција ќе биде исполнета со голема доза на префинетост и нежност, одлики на благородничките жени, кои споени со модернизмот и авангардноста носат одличен производ кој љубителите на високата мода ексклузивно ќе го видат на Скопската модна недела пролет/лето во април.Руска приказна на Модната недела во СкопјеТемата на колекцијата „Руска приказна“ автентично говори за карактерот на колекцијата, преку која Олгица ќе го доближи до македонските дами надалеку препознатливиот руски женствен изглед и стил. Во ателјето на креаторката на големо се подготвува впечатливата колекцијата која според она што може да се погледне од скиците на моделите дефинитивно нема да остане незабележана.Руска приказна на Модната недела во СкопјеЗасега таа открива дека се користени материјали од свила, тантела, кадифе, памук, вештачко крзно. Моделите ќе бидат збогатени со модни додатоци кои асоцираат на Русија и кои ја доловуваат потребната слика за колекцијата. Погледнете еден мал дел од нејзините претходни креации.Руска приказна на Модната недела во СкопјеРуска приказна на Модната недела во СкопјеРуска приказна на Модната недела во СкопјеРуска приказна на Модната недела во СкопјеРуска приказна на Модната недела во СкопјеРуска приказна на Модната недела во Скопје


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар