Руска народна медицина: Исчистете го црниот дроб со помош на сувото грозје!

Автор: Златко Ѓорѓијоски

Црниот дроб во човечкиот организам има улога на „фабрика за крв“, а воедно помага и да се зајакне и стимулира работата на дигестивниот систем. Но, неговата најважна функција е прочистување и елиминација на сите токсини и нечистотии од крвта.

0-ruska-narodna-medicina-ischistete-go-crniot-drob-so-pomosh-na-suvoto-grozje-kafepauza.mk

Ви го претставуваме рускиот народен рецепт кој со помош на суво грозје може да го исчисти вашиот црн дроб. Но бидете внимателни кога ќе го купувате сувото грозје. Не купувајте светло жолто суво грозје. Органското суво грозје, без хемиски додатоци и со добар квалитет е без сјај, не премногу меко, збрчкано и е темно кафеаво.

1-ruska-narodna-medicina-ischistete-go-crniot-drob-so-pomosh-na-suvoto-grozje-kafepauza.mk

Начин на подготовка:

Во чаша со топла вода додајте пола чаша суво грозје и оставете го 15 минути. После тоа добро исплакнете го. Добро исплакнатото грозје ставете го во чаша која ќе ја наполните со превриена вода на собна температура до врвот. И оставете ја така до следното утро. Кога ќе се разбудите испијте ја на празен желудник и изедете го грозјето. После тоа, на саат или два легнете во кревет и на десната страна од стомакот ставете топла облога.

Оваа постапка е најкорисна ако се повторува 4 пати во месецот, два пати годишно.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар