Рози од јагоди и чоколадо: Веднаш ќе сакате да ги направите и вие!

Дури и да не знаете да готвите, ова ќе сакате да го пробате. Само три состојки до креативен, несекојдневен десерт, кој е одличен за послужување.

0-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mk

Потребни состојки:
  • Цврсти јагоди во правилна конусна форма
  • Темно чоколадо за обликување
  • Бело стопено чоколадо
  • Стапчиња за лижавчиња
1-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mk
Начин на подготовка:

Чоколадото најпрво се обликува во вид на топчиња и едно долгнавесто парче, кои потоа се сплескуваат со сукало помеѓу хартија за печење. Јагодите се натопуваат во белото чоколадо и потоа околу него се редат цветните ливчиња од чоколадото за обликување.

Подготовка на чоколадото за обликување:

Ставете чоколадо на пареа или на среден оган и постојано мешајте додека не се стопи подеднакво. Штом се растопи, тргнете го од оган и додадете мед. Мешајте додека чоколадото не почне да се стега. Кога сè ќе се соедини и згусне, прелијте го чоколадото врз хартија за печење, во дебелина од 1 см и прекријте го со друг слој хартија.

Ставете го садот на ладно за целосно да се стегне.

Оладеното чоколадо можете да го обликувате како сакате, но претходно ќе мора малку да го омекнете со рацете. Постапката е како да си играте со пластелин. Чоколадото можете да го боите со прехранбени бои во прав, така што ќе ги нанесете со помош на четкичка или директно додека чоколадото се топи.

Зарем не ви доаѓа овој рецепт да го пробате уште денес?

2-rozi-od-jagodi-i-chokolado-vednash-kje-sakate-da-gi-napravite-i-vie-kafepauza.mk

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар