Романтични филмски сценарија што не се случуваат во реалниот живот

Кога станува збор за врските во реалниот живот, можете многу да се разочарате ако имате очекувања слични на оние што сте ги гледале во некој филм. Реалноста е дека филмовите може да создадат илузија на лесно читање на знаците кои ги дава другиот, но и нивно погрешно толкување. Поради тоа, прочитајте кои чести филмски сценарија воопшто не важат за вистинскиот живот (иако се можни ретки исклучоци).

Романтични филмски сценарија кои не функционираат во реалниот живот

1. Целосно различни луѓе немаат голема шанса да станат пар

Аристократката Роуз и сиромашниот Џек неизмерно се заљубија за време на нивното трагично патување со Титаник. Но, доколку тоа се случува во денешниот реален свет, многу е веројатно дека луѓето кои се премногу различни еден од друг, најмногу што можат е да се разминат на улица.

2. Љубов од ведро небо

Сосема е нереално да мислиме дека некој ќе ни пристапи додека се возиме во автобус и дека сето тоа ќе резултира со кафе или пијачка и уште истиот ден ќе се случи романса.

Романтични филмски сценарија кои не функционираат во реалниот живот

3. Аеродромите и романсата не одат едно со друго

Колку пати сме виделе на филм како некој го одложува летот само затоа што мора да среди уште неколку ситници со саканата која сака да замине и сето тоа завршува со бакнеж? Реалноста е дека ако не глумите во филм, за љубовта треба да се погрижите пред еден од вас да влезе во авион за да замине. А и самото тоа слободно движење низ аеродромот и терминалите, наоѓањето слободно место токму до саканиот и лесно откажување од патот не се сценарија што туку-така се случуваат.

Романтични филмски сценарија кои не функционираат во реалниот живот

4. Љубов меѓу забранети личности

Во филмовите сме гледале како жени се вљубуваат во најдобриот пријател на партнерот или пак мажи со сестра или другарка на девојката и сето тоа функционира добро, па дури и задржуваат пријателски односи. Нема потреба да се каже дека во реалноста вакви заплети не се потребни.

5. Ако нешто изгледа како бајка, всушност навистина е нереално

Потребно е многу повеќе од убава облека и средена фризура за да може некого романтично да привлечеме. Дури и кога постои иницијална физичка привлечност, во текот на запознавањето може да се случи едниот да се повлече поради големиот емоционален багаж на другиот.

Кога веќе сме кај филмската романса, погледнете ги и најдобрите филмски бакнежи на сите времиња.

За авторот
Голем љубител на „Star Wars“ и трилер-романи. И многу сакам мачки!

Поврзани содржини

Остави коментар