Ролнички од краставица полнети со фета

Прекрасно предјадење со кое ќе ги изненадите вашите гости

Ролнички од краставица полнети со фета

Потребни состојки:
  • 2 краставици
  • 170 г фета
  • 3 лажици грчки јогурт
  • ½ помал домат ситно исечкан или една бабура ситно исечкана
  • 10 каламата маслинки, без семка, ситно сечкани
  • 1 лажица исечкан копар или оригано
  • 2 лажички сок од лимон
  • прстофат бибер
Начин на подготовка:

Со мандолина исечете ги краставиците на тенки ленти по должина. Доколку немате мандолина, слободно можете да употребите поостро ноже за лупење зеленчук. Наредете ги на хартиена крпа и оставете ги додека го спремате филот.

Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета

Во сад ставете ги јогуртот и фетата, измешајте ги убаво со виљушка додека не создадете хомогена смеса. Потоа додадете го доматот или бабурата (можете и од двете по пола доколку сакате), маслинките, копарот, сокот од лимон и биберот. Убаво промешајте ги сите состојки.Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета

Потоа со лажичка додадете малку од смесата на крајот од секоја краставичка и замотајте ја до крај. Затворете ги ролните со чепкалка.

Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета Ролнички од краставица полнети со фета

Доколку не ги служите веднаш, можете да ги оставите во фрижидер за убаво да се оладат.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.

За авторот
Дипломиран новинар со широк спектар на интереси. Љубител на ТВ серии, фудбал и Цедевита. Статистичар по природа и страстен фан на Јувентус и Роџер Федерер.

Поврзани содржини

Остави коментар