Ретка врста, но постои: На вистинските жени им е потребен ваков маж

На вистинските жени не им е лесно да го најдат вистинскиот партнер, но на нивна среќа постојат ретки мажи кои нив совршено им одговараат. Дознајте за какви мажи станува збор.

na-alfa-zhenite-im-e-potreben-vakov-mazh-kafepauza.mk

Вистинските жени се самоуверени, силни, величествени и не се плашат да истапат и да го побараат она што го сакаат. Секако, за сето тоа се потребни интелигенција, образование, амбиција, смисла за хумор и уште многу други работи. Вистинската алфа жена не бара алфа маж за партнер затоа што тој може да ѝ пружи предизвик и страсти, но не и сигурност. Од друга страна, бета мажот не може да ѝ го даде предизвикот кој ѝ е потребен.

За среќа, постои и трета врста мажи кои се идеални за овие алфа жени. Еве какви особини треба да поседува овој тип мажи.

1. Знае да се задева

Саркастичен е и може да ве задева исто како и вие него, а знае и да прифати шега на сопствена сметка.

2. Ве поттикнува

2.na-alfa-zhenite-im-e-potreben-vakov-mazh-kafepauza.mk

Силен e како и вие, но поумерено. Секогаш ве поттикнува да бидете уште подобри, а вие затоа и го сакате. Со него никогаш не ви е здодевно.

3. Има свои планови и не зависи од вас

Како што ве поддржува да имате свој живот, исто така не му смета тоа што излегувате со вашите другарки. Си има свое друштво и никогаш нема да ви замери за тоа што имате свои интереси надвор од вашата врска.

4. Ги чува вашите тајни

Знаете потполно сè еден за друг и имате сто проценти доверба во него, затоа што тој никогаш нема да ги искористи вашите слабости против вас, а нема ни да ги открие тајните на кого било.

5. Знае како да се справи со вас (оваа особина можеби е клучна)

Тој за вас претставува огромна утеха кога тоа ви е потребно и знае како да се справи со вас кога сте во лошо расположение. Ви дава голема поддршка, но ви дава и доволно простор кога ви е тоа потребно.

6. Кога се извинува, тој навистина го мисли тоа

4.na-alfa-zhenite-im-e-potreben-vakov-mazh-kafepauza.mk

Тој е маж, а не момче, што значи дека ќе ви признае кога ќе погреши и ќе ви се извини, наместо тврдоглаво да оди по своето иако знае дека не е во право.

7. Живеете со исто темпо

Знае што сака и го почитува тоа што вие знаете што сакате. Некако успевате да се движите во животот со приближно исто темпо. Не форсира, туку оди од една цел до друга.

8. Не ве деградира, но не ве ни воздигнува до небо

Ве третира како цврста и самостојна жена, ужива и да ве разгалува по малку, но никако нема да ви дозволи да го третирате како будала. Тој е ваш партнер, а не спонзор. Нема да ве деградира, а нема ни да ви дозволи вие тоа да му го правите.

9. Ве учи, но не се прави паметен

Најдобрите врски се оние во кои учите еден од друг. Од него секогаш ќе можете многу да научите, но никогаш нема да ве притиска или да ви наметнува нешто.

10. Знае да ве насмее

3.na-alfa-zhenite-im-e-potreben-vakov-mazh-kafepauza.mk

Мерлин Монро рекла „Ако можеш да насмееш жена, тогаш можеш сè“. Тој постојано ќе ве засмејува и повремено ќе користи сарказам во разговорот, па затоа никогаш нема да ви е здодевно.

11. Ве спушта на земја кога тоа го заслужувате

Сите алфа жени имаат тенденција да „глумат фраерки“, некогаш и кога е сосема непотребно, а вистинскиот маж ќе ви покаже дека сте претерале, затоа што нема да ги трпи таквите глупости.

12. Умее да се повлече, но и да ве поттурне напред

Не му е никаков проблем да бидете повеќе изразени од него, односно вие да сте популарни, а тој да е во позадина. Тој ви е најголема поддршка, многу е горд на вас и ужива во вашите достигнувања.

13. Ви возвраќа со аргументи

Образуван е и информиран така што во секој момент може да искаже поткрепено логично мислење. Тоа му е доста важно.

14. Одлично слуша, но истото го очекува од вас

Знае кога треба да зборува и знае кога треба да молчи. Со оглед на тоа дека секогаш внимателно ве слуша, очекува од вас истото да го правите за него.

За авторот
Верува во луѓето и сака да ги разбира. Музиката – страст, кафето – љубов. Позитивна личност и ја гледа добрата страна и во најлошите работи. Невозможното е возможно кога ќе се открие вистинскиот пат.

Поврзани содржини

Остави коментар