Реси: Новиот летен тренд на кој треба да му дадете шанса!

Реси. Можеби еден од најнеочекуваните трендови, но повторно се врати за сезоната пролет-лето и заслужува да му се даде шанса. Ако се грижите за комбинациите, пронајдовме неколку интересни модни инспирации кои ќе ви покажат како да го носите овој лесен тренд. Можете да започнете од мали детали – чанта, обувки, а похрабрите можат да преминат на блузи, фустани…

0-resi-noviot-leten-trend-na-koj-treba-da-mu-dadete-shansa-kafepauza.mk

Ресите се лесни за комбинација затоа што одговараат на секаков стил, но сепак пригодата треба да биде запазена. Иако одговараат на голем број стилови, ресите не се нешто што би го препорачале за на посвечен настан, освен ако сте храбри и спремни на моден ризик.

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзин начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар