Рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена

Рецепт за еликсир на младоста кој треба да го проба секоја жена

Знаевте ли дека постојат природни ефикасни методи на подмладување и всушност не ви требаат скапи козметички препарати и уште поскапи и ризични хируршки зафати?

recept-za-eliksir-na-mladosta-koj-treba-da-go-proba-sekoja-zhena-kafepauza.mk

За подмладување најдобро е да се користат различни методи кои заедно даваат неверојатни резултати: правилна исхрана, физичка активност, природна нега и духовно задоволство.

Сигурно сте забележале дека има жени кои изгледаат 10 или 15 години помлади, а притоа не подлегнале на некакви хируршки интервенции. Една од тие жени, која сака да остане анонимна, ја открива својата тајна за продолжена младост. Таа тврди дека откако почнала да го користи овој еликсир, ѝ се подобрил видот (од -3 на -1), кожата ѝ станала мазна и еластична на целото тело, а косата погуста. И што е најинтересно, косата која почнала да ѝ белее, престанала!

Потребни состојки:
  • 100 ленено масло
  • 2 средни лимони
  • 1 голема главица лук
  • 0,5 кг мед
Начин на подготовка:
  1. Исчистете го лукот и заедно со 1 неисчистен лимон и 1 лимон без кора ставете ги во блендер.
  2. Сомелената смеса помешајте ја со медот, додадете го лененото масло и повторно сè изблендајте.
Начин на чување:

Чувајте ја смесата во фрижидер во затворена стаклена тегла.

Начин на конзумирање:

Конзумирајте 3 пати на ден по 1 лажичка половина час пред јадење.

Како делува оваа смеса на подмладување на организмот?

Лененото масло е растителен хормон, ленот содржи линолна (омега-6), олеинска (омега-9) и палмитинска масна киселина, а повеќе од половина од мастите кои се содржани во ленот се алфалиноленска киселина (омега-3), што ова масло го прави најбогат извор на омега-3 масни ксилени (дупло повеќе отколку што има во рибиното).

Маслото од ленот е исто така најбогат растителен извор на растителни лигнани, важни антиоксиданси, кои во комбинација со лимонот ги чистат црниот дроб и жолчниот систем.

Витаминот Ц од лимонот е совршен антиоксиданс, го јакне имунитетот и крвните садови.

Лукот чисти од паразити и ги прочистува крвните садови, додека медот носи нутритиенти, односно микроелементи во крвта кои го обновуваат и подмладуваат целиот организам.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар