Реалноста е подобра од соништата: Зошто заљубените воопшто не спијат?

Реалноста е подобра од соништата: Зошто заљубените воопшто не спијат?

Постои една изрека која вели, Знаете дека сте заљубени кога не можете да заспиете затоа што реалноста конечно ви е подобра од соништата.“ Сите кои ја доживеале возбудата на вистинската љубов можат да ја разберат оваа мисла во целост, бидејќи заљубеноста е една од оние нешта кои најмногу можат да ве изморат. Откако ќе се заљубите почнуваат и бессоните ноќи, раното будење или премногу излегувања во текот на вечерта. Вие заборавате да спиете, јадете и сонувате. Вие живеете зашеметено… Но, зошто се случува тоа?

Реалноста е подобра од соништата: Зошто заљубените воопшто не спијат?

Бидејќи имате одличен секс

Зарем има нешто подобро од секс? Кога имате добар секс, вие почнувате да верувате дека креветот бил измислен за љубовниците, а не за оние кои спијат. Тоа е вашата оаза, засолниште, спокој… Но, причините се сосема различни од оние во кои сте верувале кога сте биле сингл. Вие едноставно не сакате да лежите во вашиот кревет, сакате да се тркалате во него, прегрнувајќи го вашиот партнер сè додека не ве раздели утрото.

Бидејќи конечно сте нашле некој со кој можете да бидете будни цела вечер

Ние го поминуваме целиот наш живот барајќи ја онаа една личност која ќе се разбуди во истиот момент кога ние ќе имаме потреба од неа и која ќе сака да ги чуе нашите соништа и најдлабоки желби. Ние фантазираме за онаа личност која ќе го дочека изгрејсонцето покрај нас и која ќе ни зборува за ништо сè додека тоа не се претвори во нешто. Откако ќе го најдете тоа, многу е тешко да ја пуштите ноќта да ви помине во сон. Вие сè што сакате е да бидете колку што е можно повеќе будни покрај вашиот партнер, разговарајќи за сите оние нешта кои отсекогаш сте сакале да ги кажете некому.

Бидејќи не сакате да пропуштите ниту една секунда покрај него/неа

Идејата да изгубите околу 8 часа квалитетно поминато време со вашиот партнер ви изгледа залудно. Зошто да се разделите во соништата кога можете да бидете заедно во реалноста? Не постои ништо полошо од помислата да изгубите третина од вашиот живот без него/неа. Вашиот партнер е подобар од било кој сон кој некогаш сте можеле да го имате.

Бидејќи кога љубовта ви дава енергија, вие воопшто не мора да спиете

Вие чувствувате како да можете да направите сè, вклучувајќи и неколку денови без сон. Вие летате високо, бидејќи сте наполнети со енергија која никогаш претходно не сте ја искусиле. Токму затоа и сакате да пеете, танцувате, да се бакнувате и да ги правите сите оние други нешта кои следуваат со новата и возбудлива љубов. Вие сте на друго ниво, во друг свет и сакате да правите буквално сè освен да ги затворите очите.

Бидејќи разговорите во кревет се подобри од спиењето

Зарем би можеле да заспиете кога имате толку многу нешта за кои сакате да разговарате? Кој сака да пропушти можност да научи нешто ново за својата љубов? Не постои ништо полошо од тоа да почнат да ви се затвораат капаците на очите на средината од разговорот со партнерот. Не постои ништо позастрашувачко од идејата да сонувате наместо да живеете. Исто како мали деца кои се присилени на попладневна дремка, така и вие не сакате да ја напуштите оваа забава за спиење.

Бидејќи не ви се потребни страсни соништа, вие сакате страсна реалност

Ништо не се случува во вашите соништа, барем ништо што вие би можеле да го контролирате, вкусите или почувствувате. Тие се надвор од нашата контрола. Токму затоа кога сте заљубени, сакате да бидете опколени со сите оние нешта кои можете во целост да ги доживеете. Без разлика дали го/ја гледате како спие или пак, се прегрнувате разговарајќи за најдлабоките делови од вас, вие сакате да бидете целосно свесни кога сте во негова/нејзина близина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар