Разводот не значи крај на животот: По мрачниот период секогаш доаѓа светлина

Разводот не значи крај на животот: По мрачниот период секогаш доаѓа светлина

Разводот може да биде ментално, физичко и духовно измачување. Оние луѓе кои минале низ овој процес знаат да го опишат како возење на луда железница во некој хорор филм. Оние кои се во фаза на развод или неодамна се разделиле од својот брачен партнер, многу често имаат чувство дека животот им се превртел наопаку и чувствуваат длабока рана во себе. Солзите сами навираат без претходно најавување, а исто така многу често мора да се справуваат и со осудувањата кои доаѓаат од околината.

(1) Разводот не значи крај на животот: По мрачниот период секогаш доаѓа светлина

Иако се наоѓаат во длабока емоционална криза, тие мора да функционираат во секојдневниот живот, а единствено што би правеле е само да лежат в кревет. Но, таквиот „луксуз“ ретко кој може да си го дозволи. Луѓето кои се разведуваат или веќе го минале тој процес, мора да одат на работа, да се грижат за своите деца, за својот дом и секако, за финансиите. Тоа е еден исклучително тежок период, па затоа луѓето многу често знаат да се прашаат „Дали ова лудило ќе заврши некогаш? Дали ќе го преживеам ова? На каде ќе тргнам од оваа точка? Каков ќе биде мојот живот, сега, кога сум повторно сингл?“.

Но, ден за ден болката се намалува, солзите почнуваат да пресушуваат, па дури луѓето почнуваат да наоѓаат поттик во успешно завршените мали проблеми со кои порано немале можност да се соочат. Постепено, почнуваат да се чувствуваат посигурно и наоѓаат задоволство во спознавањето себеси.

(2) Разводот не значи крај на животот: По мрачниот период секогаш доаѓа светлина

Горчината што ја носи животот ги отвора можностите луѓето да ги сфатат своите недостатоци, како и нивните грешки кои довеле до распаѓање на бракот. Ако се пронаоѓате и вие во овие ситуации и состојби тогаш не очајувајте премногу. Запомнете дека ќе дојде момент кога ќе сфатите дека вашиот развод ве направил подобра и посилна личност.

Не сте сигурни околу тоа? Ако се наоѓате среде бракоразводна парница и нема ниту една светла линија на вашиот хоризонт, погледнете околу себе и ќе сфатите дека има многу причини да продолжите со среќен и квалитетен живот. Единствено што треба да направите е да бидете отворени за нови можности и да ги прифаќате новите предизвици кои ви ги носи животот. За тоа, со своите лични искуства сведочат и Кимберли Мишкин и Лиза Калдвел, основачи на здружението SAS For Women за поддршка и инспирирање на жените кои минуваат низ период на развод. И двете имаат разводи зад себе, но преку своите примери докажуваат оти животот не застанува со ставање крај на бракот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевник, новинар, сонувач... Го обожува утринското кафе без шеќер. Верува дека убавите нешта се кријат во мали и едноставни пакувања.

Поврзани содржини

Остави коментар